Европа
Еден од најголемите сојузници на Путин пристигна во Калининград

Еден од најголемите политички сојузници на рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Калининград за да разговара за националната безбедност во време на спор меѓу Москва со Литванија, која го запре транзитот на санкционирани стоки до руската ексклава.
Николај Патрушев, моќниот секретар на рускиот Совет за безбедност, ќе одржи состанок за безбедност на рускиот северозапад во Калининград, пренесува „РИА новости“.
Руската агенција пишува дека патувањето, кое ќе вклучува разговор за сообраќајот, било планирано уште пред Вилнус да го забрани транзитот на стоки, кои се под санкции на ЕУ. По копнен пат Русија има пристап до таа ексклава само преку Литванија и Полска.
Калининград, поранешно пристаниште Кенигсберг, престолнина на Источна Прусија и дом на познатиот филозоф Имануел Кант, беше освоен од советската Црвена армија од нацистите во април 1945 година.
Литванија тврди дека забраната за транзит е спроведување на европските санкции, кои имаат цел да ја казнат Русија за инвазијата на Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Воз во САД излета од шините, три лица се загинати а најмалку 50 се повредени

Три лица загинаа, а најмалку 50 се повредени откако патнички воз излета од шините во Мисури, објавија американските медиуми.
Несреќата се случила во близина на градот Мендон во американската сојузна држава Мисури. Две лица кои загинале се наоѓале во возот, а третото во камионот на кој налетал возот. Инцидентот се случил на раскрсница со пруга каде што немало рампа, пишуваат медиумите.
Во возот имало 243 патници и 12 работници. Училиштето во близина е претворено во центар за тријажа за жртвите со полесни повреди.
Европа
Зеленски: Русите извршија терористички чин со нападот на трговскиот центар

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините „пресметани“ воздушни напади врз трговскиот центар во градот Кременчук, велејќи дека тоа е терористички чин, јавува Анадолија.
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени откако Русија изврши напад врз трговски центар во Кременчук за време на голема толпа во понеделникот, јавуваат агенциите.
„Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И тоа мора да биде правен факт“, рече Зеленски и додаде: Секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортирањето на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите“, изјави тој.
Повеќе од 4.634 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, според Обединетите нации. Според податоците на ОН, повеќе од 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од осум милиони кои побегнале во други држави.
Европа
Итен состанок на Советот за безбедност за нападите на Русија во Украина

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за да разговара за целните напади на Русија врз цивили.
Обединетите нации се согласија да одржат уште еден итен состанок на својот Совет за безбедност за дополнително да разговараат за случувањата во Украина, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.
Според Гардијан тие се состануваат на барање на Украина, а главна тема се целните напади на Русија врз цивили.
До седницата дојде откако Москва изврши ракетен напад во понеделникот, погодувајќи трговски центар во Кременчук, пренесуваат медиумите.
„Советот за безбедност на ОН ќе се состане за да разговара за руските злосторства врз цивилите. Мораме да продолжиме да ја сметаме Русија одговорна“, рече Томас-Гринфилд, пренесува медиумот.