Контакт

Европа

Единствениот руски носач на авиони оштетен за време на поправка

Објавено пред

Единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е оштетен за време на поправка во северниот дел на земјата, откако докот на кој се наоѓал потонал, а кранот се урнал на палубата.

Овој носач на авиони беше користен во воената кампања на Русија во Сирија за поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Носачот се наоѓал на еден од најголемите докови во светот во близина на Мурманск, каде што се наоѓа базата на северната руска флота, а требаше до 2021 година да биде повторно целосно оперативен.

Гувернерката на Мурманск, Марија Ковтун, преку соопштение изјави дека по потопувањето на докот на кој се наоѓал носачот започнала акција за спасување на 71 лице кои се наоѓале на бродот, а носачот бил успешно извлечен пред докот целосно да потоне.

Властите објавија дека е почната истрага за причините за оваа несреќа, како и дека едно лице исчезнало, а четворица примиле медицинска помош поради хипотермија што ја добиле во студената вода.

Европа

Америка доби понуда да ja купи Валонија за едно евро

Објавено пред

Подмладокот на националистичката партија Нова фламанска алијанса му предложи на американскиот претседател Доналд Трамп да ја купи Валонија – за едно евро.

„Драг претседател Трамп, едно евро и Валонија е ваша. Јавете ни се“, напишаа на твитер-профилот на оваа партија.

Објавена е и фотографија од градот Дурбуј, на кој е додадена фотографија на њујоршкиот облакодер „Трамп тауер“.

Претходно беше објавено дека американската администрација разговарала за можноста на Данска да ѝ се предложи годишна исплата од 600 милиони долари за предавање на Гренланд во неограничена употреба.

Прикажи повеќе...

Европа

Берлускони е за избори ако не се формира влада на десниот центар

Објавено пред

Опозициската партија Форца Италија е за одржување избори доколку не е можно да се формира влада на десниот центар, рече лидерот на партијата, Силвио Берлускони.

Поранешниот премиер и медиумски тајкун Берлускони се обрати по повод падот на владата на коалицијата меѓу Пет ѕвезди и Лига, пренесува „Ројтерс“.

Берлускони се состана со италијанскиот претседател Серхио Матарел, кој по консултациите со политичките лидери, треба да одлучи дали да свика предвремени избори или некому да му довери мандат да формира нова влада.

Прикажи повеќе...

Европа

Пронајдено телото на полскиот продуцент и бизнисмен Пјотр Вознијак-Старак

Објавено пред

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Јарослав Зелински, денеска соопшти дека спасувачите го пронашле телото на исчезнатиот бизнисмен и филмски продуцент Пјотр Вознијак-Старак.

Старак (39) беше одговорен за некои од најпопуларните филмови во Полска, а исчезна во саботата, пренесува АП.

Потрагата по неговото тело почна уште во неделата кога минувачите забележале празен чамец на површината на езерото Кисајно во североисточна Полска.

„Сè покажува дека неговото тело е пронајдено“, рече заменик-министерот изразувајќи сочувство до семејството.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ2 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ3 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија4 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија5 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија5 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет6 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија6 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа7 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија18 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија18 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион19 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија21 час

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија21 час

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија22 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 ден

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие