Контакт

Свет

Експеримент во Франција: Волонтери поминаа 40 дена во пештера се изолираа од надворешниот свет

Објавено пред

Петнаесет доброволци од Франција, напуштајќи ја пештерата Ломбрив, го завршија експериментот за време на кој тие останаа во пештерата 40 дена, целосно изолирани од надворешниот свет.

Вкупно осум мажи и седум жени учествуваа во експериментот организиран од Институтот за прилагодување на луѓето кон специфични услови во природата. Волонтерите останаа во пештерата 40 дена во влажна, темна, но и пространа област.

По заминувањето, медиумите кои присуствуваа на настанот ги опишаа волонтерите како среќни, но и неверојатно бледи луѓе кои мораа да носат темни очила по заминувањето поради прилагодувањето на светлината.

Проектот „Длабоко време“ чинеше 1,2 милиони евра, а од Институтот истакнаа дека овој експеримент ќе им помогне подобро да го разберат процесот на прилагодување на луѓето на драстични промени во животната средина.

Жителите на пештерата живееја во целосна изолација 40 дена без контакт со надворешниот свет. За време на тој период, тие не добиле информации за важни светски настани, за движењето на пандемијата на коронавирусот и им било целосно забрането да комуницираат со семејствата и пријателите.

Во соработка со лаборатории од Франција и Швајцарија, научниците користеле сензори за да го набљудуваат однесувањето на учесниците во експериментот.

Иако изгледаа видливо уморни, откако излегоа две третини од учесниците изразија желба да останат во пештерата уште неколку дена за да ги завршат групните проекти што ги започнале за време на експедицијата.

Свет

Ердоган и Путин разговараа за судирите во Појасот Газа

Објавено пред

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, разговараа по телефон за тензиите во Појасот Газа и Ерусалим, беше објавено денес од кабинетот на турскиот претседател.

Лидерите на двете земји разговараа во време кога Анкара бара меѓународна акција против Израел, а Ердоган му рече на Путин дека меѓународната заедница треба да му одржи „лекција на одвраќање“ на Израел, пренесува „Ројтерс“.

Ердоган повика на завршување на процесот на испраќање меѓународни мировници во регионот за да се помогне во заштитата на Палестинците, што Турција го предлага од 2018 година.

Непријателствата меѓу Израел и Хамас денес ескалираа со најмалку 35 лица убиени во Газа и петмина во Израел.

Палестинските сили испукаа стотици ракети кон Израел, кој изврши силни воздушни напади врз Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Објавено пред

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во вчерашниот напад врз училиште во Казањ.

Децата со рози во рацете плачејќи одеа зад ковчегот на својата омилена наставничка, која е погребана денес на градските гробишта.

Елвира го загуби животот заштитувајќи дете од разулавениот убиец, кој насилно влета во училиштето и почна да убива деца. Храбрата наставничка излегла во ходникот во моментот кога вооружениот Илназ Галјавиев го извадил оружјето и пукал во сите пред себе. Во последен момент успеала да го повлече детето и да го заштити со своето тело.

Несреќната Елвира била погодена од смртоносен куршум и останала неподвижно да лежи во ходникот на училиштето додека учениците панично скокале од прозорците за да си ги спасат своите животи.

Во нападот на училиште во главниот град на Татарстан се убиени седум деца и двајца наставници. За нападот е осомничен поранешен ученик на училиштето, 19-годишниот Илназ, кој објавувал страшни пораки на социјалните мрежи пред нападот.

Тој влегол во гимназијата вооружен со многу муниција во раните утрински часови и тешко го ранил чуварот. По тоа, тој се упатил кон ходниците пукајќи кон секоја личност што ќе ја видел. Повеќе од 20 лица се повредени во нападот.

Прикажи повеќе...

Регион

Избраниот привремен премиер на Бугарија сака да ја врати довербата во државните институции

Објавено пред

Новиот привремен премиер на Бугарија, Стефан Јанев, денеска изјави дека приоритет на неговата влада ќе биде да обезбеди почитување на законот и да ја врати довербата на граѓаните во државните институции.

„Искрената и одговорна владина работа барем делумно може да ја врати изгубената доверба во државните институции. Посебен акцент ставам на спроведувањето на владеењето на правото“, рече Јанев за време на церемонијата на инаугурацијата, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот, кој пред назначувањето беше секретар за одбрана и безбедност на бугарскиот претседател Румен Радев, исто така рече дека владата ќе стори сè за да обезбеди фер избори и дека ќе биде апсолутно бескомпромисна по тоа прашање.

Претседателот Радев го назначи Јанев да го предводи кабинетот до предвремените избори во јули откога парламентот формиран по минатомесечните избори не успеа да изгласа влада.

Според извештајот на меѓународната организација „Транспаренси интернешнл“, Бугарија е меѓу најкорумпираните земји членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Арсовски: Идентитетот и јазикот не смеат да бидат предмет на преговори

Владата смета дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелност од страна на...

Македонија2 часа

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Свет3 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија5 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа5 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа5 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет6 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет6 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија18 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија22 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија22 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија24 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Досие