Европа
Елисејската палата ги демантира тврдењата на „Фигаро“ дека Макрон сака да даде оставка
Елисејската палата ги демантира тврдењата на медиумите дека францускиот претседател, Емануел Макрон, планира да си даде оставка со цел да се распишат предвремени избори, што, наводно, ги предложил на видеоконференција со донаторите на неговата партија.
„Претседателот никогаш не учествуваше на видеоконференција со донатори и никогаш не спомена можна оставка. Информациите објавени од ’Фигаро’ се лажни“, изјави официјалниот претставник на Елисејската палата.
Осврнувајќи се на зборовите на еден учесник, „Фигаро“ тврдеше дека Макрон им кажал на мала група донатори во Лондон пред две недели дека размислува за оставка и свикување предвремени претседателски избори како начин за ресетирање на неговото претседателствување по кризата предизвикана од коронавирусот поради која суспендирал некои основни делови од својата политичка програма.
„Политико“ оценува дека демантот од кабинетот на Макрон не е директен. Претходно истиот ден, истиот службеник не го негира тоа, туку, едноставно, одби да го потврди. И првиот коментар на Елисејската палата за „Фигаро“ беше нејасен.
„Во принцип, ние не отфрламе ништо. Претпоставката за оставка никогаш не беше на дневен ред, ниту беше спомната на ниеден состанок во Елисејската палата“, ги цитира „Фигаро“ зборовите на еден официјален претставник.
Не е целосно јасно дали идејата за оставка е само пробен балон, што Макрон и претходно го правеше, или сериозно се разгледува, пишува „Политико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Борис го напушти регионот над Унгарија и се упати кон југозапад
„Хунгаромет“ на својата фејсбук-страница напиша дека циклонот Борис, кој со денови беше над Унгарија, го напуштил регионот и се упатил кон југозапад.
Одтаму додаваат дека веќе не се очекуваат значителни врнежи.
Како што се наведува, најмногу врнежи имало во Австрија и Чешка, каде што количината дожд надминала 200 милиметри, но многу дожд наврнал и во Словачка и Хрватска.
Во Унгарија најмногу дожд наврна во околината на Сопрон и Мосонмаѓаровар, каде што количината врнежи надмина 100-150 милиметри.
Најмалку 17 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена.
Европа
Украина: Русите со меч убија заробен украински војник
Комесарот на украинскиот парламент за човекови права Дмитро Лубинец изјави дека руските војници извршиле уште едно воено злосторство – егзекуција на невооружен украински воен заробеник со меч.
Уште едно воено злосторство – на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како Русите веројатно со меч егзекутирале невооружен украински воен заробеник со врзани раце со лента“, напиша Лубинец на Телеграм.
„Нивото на варварство и крвожедност е непроценливо“, пишува Лубинец и додава дека ваквите постапки се грубо кршење на Женевската конвенција за постапување со воените заробеници.
Тој наведува и дека испратил писма до меѓународните организации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ОН, со цел да евидентира уште едно кршење на човековите права од страна на Русија.
На социјалните мрежи утрово беа објавени фотографии од погубениот украински војник. Војникот бил избоден со меч со натпис „За Курск“. На раката на војникот се гледа сива лента.
На фотографиите се гледа крваво тело на патот, зад него има оштетени воени возила и згради. Не е познато каде и кога се направени фотографиите.
„Би сакал да нагласам дека ваквите показни егзекуции имаат за цел да го деморализираат украинското општество. Меѓутоа, гледајќи ги таквите акции, мора да станеме уште порешителни во борбата против агресорите“, пишува Лубинец.
Европа
(Видео) Полска сè уште се бори со поплави: „Ова беше најважната ноќ во историјата“
Јужна Полска продолжува да се бори со разорните поплави. Ситуацијата е критична во Нисе, во областа Ополе. Поради опасност од пукање на насипот на улицата Виспианскиего, градоначалникот ги повика жителите веднаш да се евакуираат. На интернет се појавуваат фотографии и видеа од акцијата за поправање на насипот. Надлежните ги повикуваат граѓаните да ги следат известувањата и да апелираат на одговорност.
Според локалните служби, во текот на ноќта од понеделник кон вторник, 76 хидрометеоролошки станици, главно во југозападниот дел на Полска, ги надминале алармните нивоа, додека дополнителни 40 ги надминале нивоата на предупредување.
Недолго потоа, се појави информација дека е санирана штетата на реката Ниса Клоџка, на улицата Виспианскиего. „Сега имаме работа со дупка во насипот веднаш до браната на езерото Ниски“, изјави капетанот Дариуш Прига од пожарникарската служба на округот Ниски, додавајќи дека поставуваат вреќи со песок.
Lewin Brzeski, całe miasto do ewakuacji!
Oznacza to przemieszczenie się fali w stronę Odry. To kolejne fatalne informacje dla Wrocławia…
Dramat ludzki… 💔#Powodź pic.twitter.com/buEZ2eF92l
— Mati (@FremdenlegionPL) September 16, 2024
После тоа пристигна информација дека се појавиле нови проблеми.
„Имаме второ пробивање на насипот. Отпрвин беше мал, но сега значително се прошири“; изјави капетанот Дариуш Прига од противпожарната станица Ниса во интервју за РМФ ФМ. Тој исто така додаде дека се уште ја затвораат дупката со помош на воени хеликоптери МИ-17 кои фрлаат големи вреќи со песок на насипот.
Градоначалникот на Нисе во интервју за РМФ ФМ: „Се надеваме дека Нисе ќе се спаси од поплавата. Ова е најважната ноќ во историјата на градот во 21 век“, нагласи градоначалникот на Нисе, Кордијан Колбијарц.
Тој ги пофали жителите на градот за нивната голема посветеност во зајакнувањето на оштетениот насип.
„Пред само неколку минути, на насипот имаше околу 2.000 луѓе – жени, мажи, деца, постари луѓе“, рече тој.
„Огромна посветеност, голема љубов кон градот. Сите сакаме градот да опстане“, додаде.