Контакт

Свет

ЕМА: Воспаление на срцевиот мускул и обвивката се можни нуспојави на вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) идентификува можна врска помеѓу ретките срцеви заболувања и вакцините против Ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“, а препорача и луѓето со ретки крвни нарушувања да не се вакцинираат со вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Срцевото заболување – миокардитис или воспаление на срцевиот мускул и перикардитис или воспаление на слузницата на срцето, мора да бидат наведени како можни несакани ефекти од двете вакцини, објави Комитетот за безбедност на Европската агенција за лекови. Таквите случаи се случиле во рок од 14 дена по вакцинирањето, почесто по втората доза и кај млади возрасни мажи, соопшти ЕМА. Ова се совпаѓа со наодите на американските здравствени власти објавени минатиот месец.

Од ЕМА исто така додаваат дека луѓето со синдром на истекување на капиларите (КЛС) не треба да се вакцинираат со вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Во јуни, ЕМА побара КЛС да се додаде на списокот на несакани ефекти на вакцината против Ковид-19 на „Астразенека“. Вакцините на „Астразенека“ и на „Џонсон и Џонсон“ користат различни верзии на вирусот на настинка за да пренесат упатства за правење коронавирусни протеини и да предизвикаат имунолошки одговор.

Европската агенција за лекови исто така соопшти дека е премногу рано да се знае дали ќе бидат потребни повеќе од две дози вакцина против Ковид-19. Како што велат од таму, засега се доволни две дози. „Фајазер/Бионтек“ вчера објавија дека планираат да побараат од американските и европските регулатори одобрување на трета доза, врз основа на докази за зголемен ризик од инфекција шест месеци по вакцинацијата и ширењето на многу заразниот делта-сој.

Свет

Истражување: Најчести симптоми на Ковид-19 кај оние кои се вакцинирани

Објавено пред

Како што се менува вирусот Ковид-19, така се менуваат и симптомите што ги предизвикува оваа болест кај луѓето. Губењето мирис, на пример, порано беше еден од значајните показатели за инфекција со коронавирус, но сега е деветтиот најчест симптом кај оние кои имаат коронавирус и кои не се вакцинирани.

Исто така, постојат разлики во тоа како болеста се манифестира кај оние кои примиле една или две дози од вакцината, покажа британската студија ZOE COVID-19. Иако постојат сличности во симптомите помеѓу оние кои се вакцинирани и оние кои не се вакцинирани, постојат некои разлики.

Симптоми кај оние кои не се вакцинирани

Според студијата, овие се моментално најчестите симптоми на инфекција со ковид кај оние кои не се вакцинирани:

1) Главоболка

2) Болки во грлото

3) Течење на носот

4) Температура

5) Постојана кашлица

Така, губењето на мирисот веќе не е меѓу првите пет најчести симптоми. недостаток на воздух сега е, на пример, на триесеттото место.

Симптоми кај оние кои примиле една доза од вакцината

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Болки во грлото

4) Кивање

5) Постојана кашлица

Симптоми кај оние кои ги примиле двете дози на вакцината:

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Кивање

4) Болки во грлото

5) Губење на мирис

Треба да се напомене дека симптомите кај оние кои ги примиле двете дози на вакцината биле пократки, односно имале помалку сериозни симптоми на болеста.

„Постојат неколку причини зошто симптомите можат да се променат“, наведуваат научниците кои работеле на студијата.

„На пример, сега голем број заболени се помлади луѓе, за кои знаеме дека имаат поблаги симптоми. Исто така, оние кои се вакцинирани имаат помалку сериозни симптоми“, додаваат тие.

Прикажи повеќе...

Свет

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Објавено пред

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт, објави Би-Би-Си.

Во извештајот што го пренесуваат малтешките медиуми се наведува дека државата не забележала ниту препознала дека постои ризик по животот на новинарката и не презела соодветни чекори за да го избегне убиството.

Каруана Галиција беше убиена во напад со бомба поставена под нејзиниот автомобил недалеку од нејзиниот дом во октомври 2017 година.

Истрагата резултираше со оставка на премиерот Џозеф Мускат во 2019 година, бидејќи беше утврдена вмешаност на негови блиски соработници. Но, премиерот тогаш ги негираше обвинувањата за корупција.

Каруана Галиција, наречена „Викиликс жена“, откри случаи на корупција во земјата и во странство.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на заразени со Ковид-19 во Јапонија за еден ден за првпат надмина 10.000 лица

Објавено пред

Бројот на новозаразени со коронаворус во Јапонија за првпат надмина 10.000 лица, објавија јапонските гласила, откако градските власти во Токио претходно објавија рекордно висок број од 3.865 инфекции во главниот град.

Во исто време, јапонската влада ја разгледува можноста за прогласување вонредна состојба во Осака и три други префектури околу Токио, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на градските власти.

Главниот советник на јапонската влада за коронавирус предупреди во четвртокот за можно преоптоварување на здравствениот систем со оглед на брзото зголемување на бројот на заразени.

„Ако не се сподели свеста за кризата, порано или подоцна притисокот врз здравствениот систем ќе стане посериозен“, предупреди Шигеру Оми на состанокот на комитетот во парламентот.

„Освен вакцинација, нема многу други начини да се намали инфекцијата“, рече Оми, коментирајќи го брзото ширење на делта-сојот.

Други фактори што овозможуваат зголемување на бројот на заразени, покрај делта-сојот, се и сезоната на празници и Олимпијадата.

Гувернерката на Токио, Јурико Коике, ги повика младите луѓе да се вакцинираат, да останат во своите домови и да ги почитуваат мерките против коронавирусот.

„Активностите на младите луѓе се клучни (во контролата на инфекцијата)“, рече таа.

„Зголемувањето на инфекциите нема никаква врска со Олимписките игри“, рече Коике.

Јапонски професор по психологија од Универзитетот Цукуба за јапонска телевизија изјави дека среде веселото олимписко расположение и успехот на јапонските спортисти, многу луѓе повеќе не го сфаќаат коронавирусот сериозно.

Тие гледаат дека очигледно не е проблем што луѓето од целиот свет доаѓаат на натпреварите и сега веруваат дека коронавирусот „не е голема работа“.

Со оглед на четвртата вонредна состојба во Токио, се појавува ефектот на навика и ефектот на мерките за коронавирус исчезнува, вели професорот.

Според него, особено помладите Јапонци биле критикувани дека биле надвор и пиеле на улица ноќе по затворањето на рестораните каде што не се дозволува алкохол.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија4 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија5 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија5 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија6 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија6 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија7 часа

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија7 часа

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет9 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет9 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија10 часа

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија1 ден

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ1 ден

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет1 ден

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен1 ден

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија1 ден

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија1 ден

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет1 ден

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија2 дена

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија2 дена

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Досие