Контакт

Свет

Епидемија на колера во Зимбабве – над 2.000 заразени и 20 мртви

Објавено пред

Во Хараре, главниот град на Зимбабве, прогласена е епидемија на колера кога бројот на смртни случаи се искачи на 20, а повеќе од 2.000 луѓе се заразиле со контаминирана вода, изјави денеска министерот за здравство, Одабија Мојо.

„Прогласивме вонредна ситуација во Хараре. Тоа ќе ни овозможи да ја ставиме под контрола колерата, тифусот или што и да се случува во градот. Не сакаме повеќе жртви“, изјави Мојо по обиколката во болница во која се лекуваат пациентите од главниот град на Зимбабве, објави „Ројтерс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Повторно се тресеше грчкиот остров Закинтос

Објавено пред

Два земјотреси, со интензитет од 4,6 и 4,2 степени по Рихтер денеска се регистрирани во Јонското море, јужно од грчкиот остров Закинтос.

Првиот потрес бил регистриран нешто по 11 часот, а вториот неколку минути подоцна. Епицентарот на земјотресот е забележан на околу 30 километри југозападно од Закинтос.

Грчката агенција АНА наведува дека на овој остров биле регистрирани повеќе последователни потреси по земјотресот до јачина од 6,4 степени, кој се случи на 26 октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Германец на суд зошто со години ставал отров во оброците на колегите

Објавено пред

Во западниот германски град Билефелд започна судење на 57-годишен Германец кој е обвинет за обид за убиство бидејќи неколку години по ред ставал отров во оброците на своите колеги.

Мажот, чие име не е објавено, поради германските правила за приватност, е обвинет дека ручекот на колегите го контаминирал со супстанци како олово ацетат и жива, во периодот од 2015 до 2018 година, објави агенцијата АП, повикувајќи се на германските медиуми.

Тој е обвинет за предизвикување телесни повреди, а уапсен бил во мај откако преку снимка од надзорните камери било утврдено дека ставал сомнителна прашкаста материја во сендвичи на колегите.

Обвинителите велат дека Германецот бил мотивиран од нагонот да ги гледа колегите како физички пропраѓаат. Една од неговите жртви е во кома со оштетување на мозокот, а друг има тешко оштетување на бубрезите.

Прикажи повеќе...

Свет

Напад со молотов коктел на црква во Киев

Објавено пред

Украинската православна црква соопшти дека непознати напаѓачи фрлиле молотови коктели на Андриевската црква во Киев и нападнале свештеници со бибер спреј.

Нападот следи по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, да почне процесот на давање независност на православната црвка во Украина, во однос на Руската православна црква.

Портпаролот на Украинската православна црква Евстратиј Зорја, рекол дека непознати машки лица утрото фрлиле молотов коктел на црквата и со бибер спреј нападнале свештеници.

Одлуката на Вселенскиот патријарх да започне процес на давање независност на православната црква во Украина, предизвика загриженост од избивање на насилство меѓу противниците и приврзаниците поради одделување на двете цркви.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток45 минути

Вибер контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отварајте ги вратите“

Од Вибер групата каде членуваат дел од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток51 минута

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес брат

Од смс и вибер пораките за 27 април кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за „крвавиот четврток“ во...

Македонија2 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа3 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија4 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија4 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија15 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија18 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија19 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија20 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија21 час

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија21 час

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија22 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија24 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија1 ден

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија1 ден

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија1 ден

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија1 ден

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Досие