Европа
Европскиот парламент: Борба против организираниот криминал за побрз пат на Западен Балкан кон ЕУ

Европскиот парламент соопшти дека синоќешните пратеници го усвоиле извештајот за борбата против организираниот криминал во Западен Балкан.
Во извештајот, подготвен од австрискиот пратеник Лукас Мандл, се зборува за потребата од искоренување на политичките и административните врски со организираниот криминал, се бара отворање на архивите на поранешна Југославија, но и за визна либерализација.
Европратениците посочуваат дека борбата против организираниот криминал и напредокот кон ЕУ се процеси што меѓусебно се зајакнуваат и повикуваат на забрзан интегративен процес. Извештајот ги повикува владите во регионот значително да ги засилат своите напори и да продолжат со реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Од друга страна, ЕУ е повикана да ги поддржи овие напори преку финансиска помош и практична соработка.
Во извештајот се посочува дека главните фактори што ги прават ранливи општествата од Западен Балкан се недостигот на можности за вработување, корупцијата, дезинформациите, елементите на заробување на државата, нееднаквоста и странското мешање на недемократските режими, како Русија и Кина.
Европратениците ја нагласуваат потребата да се искоренат политичките и административните врски со организираниот криминал преку јасни мерки за заштита од корупција и ефикасно гонење случаи на корупција од висок профил.
Исто така, се наведува дека врските меѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеле и пред распадот на Југославија и го критикуваа недостигот на волја на надлежните органи во регионот да ги отворат архивите на поранешна Југославија.
Европратениците ја нагласуваат важноста на Западен Балкан да соработува и да споделува разузнавачки информации со земјите членки и со меѓународните партнери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Песков: Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Москва

Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Таквата реакција, се разбира, не може да ги промени плановите на Русија“, изјави Песков пред новинарите во Москва, пренесува РИА.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата, н25 март, за телевизијата „Русија 24“ изјави дека Москва и Минск се договориле да стационираат руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, без да ги прекршат обврските на Русија во однос на неширење на таквото оружје.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел истакна дека Брисел е подготвен да одговори со нови санкции доколку Белорусија не се откаже од планот за поставување руско тактичко нуклеарно оружје на своја територија бидејќи тоа наводно ја загрозува европската безбедност, пренесе „Новости.рс“.
Европа
Експлозија во Мариупол-Автомобилот на началникот на полицијата разнесен

Полковникот Едуард Басурин за РИА Новости изјави дека автомобилот на началникот на полицијата Михаил Москвин денеска бил кренат во воздух во Мариупол.
„Денеска имаше обид за атентат врз началникот на полицијата во Мариупол, но тој преживеа. Разговарав со него, доби благ потрес на мозокот“, рече тој.
Според дописникот на РИА Новости, на Москвин не му била потребна хоспитализација.
Форензичарите во моментов се на терен. Како што изјавил за агенцијата еден од полицајците, бомбата поставена под автомобилот на началникот на експлодирала во моментот кога тој бил во близина. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но Русите, според написите, се сомневаат во движењето на украинскиот отпор.
Европа
Проблем на летот Сплит – Рим: авионот полетал, па веднаш се вратил, меѓу патниците бил и министерот

Авионот на хрватската компанија „Кроација ерлајнс“ на релација Сплит – Рим со 158 патници синоќа беше вратен на пистата веднаш по полетувањето, пренесуваат медиумите во регионот.
Меѓу патниците бил и министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ.
Патниците се симнати, а летот доцнел околу три часа поради сомневање за технички дефект, објавија хрватските медиуми.
„Не е прв пат да се случуваат технички неисправности во авионите“, изјави Божиновиќ за ТВ „Нова“.
Божиновиќ денеска во Рим има средба со својот италијански колега, а тема на нивниот разговор е миграцијата, што ја оцени како тема број еден.