Свет
Ердоган: Западот буквално пречи да се реши кризата меѓу Русија и Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека САД и другите западни земји не направиле ништо за да ја решат кризата меѓу Русија и Украина и дека само им пречат.
Ердоган, кој сака да биде посредник меѓу Москва и Киев, рече дека ниту еден европски лидер не е способен да ја реши кризата и дека американскиот претседател Џо Бајден исто така досега не придонел за тоа. Турскиот претседател, кој е близок и со Украина и со Русија, истакна дека многу ја цени планираната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција.
Ердоган ова го изјави по средбата со украинскиот колега Володимир Зеленски во четвртокот во Киев, каде што ја повтори понудата на Турција за посредување во кризата со Москва, што Украинецот го поздрави.
„Морам да го кажам ова многу јасно: ако внимателно следите, Западот, за жал, не придонесе на кој било начин да се реши оваа ситуација“, изјави турскиот претседател пред новинарите на летот назад за Анкара.
Гледајќи ги САД, додаде Ердоган, Бајден досега не покажа позитивен пристап кон оваа тема.
Соединетите Американски Држави и европските земји се загрижени поради руското групирање војници на границите на Украина и ја обвинуваат Москва дека планира инвазија на земјата. Русија го отфрла ова и бара од Западот правни гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток или да инсталира ракетни системи во близина на нејзината граница.
Ердоган најави дека Турција, како членка на НАТО, ќе направи сѐ што е потребно во случај на руска инвазија, но ја отфрла идејата за воведување санкции кон Москва.
Иако гради енергетска и одбранбена соработка со Русија, Турција се спротивстави на политиката на Москва во Сирија и Либија, како и на руската анексија на Крим во 2014 година. Турција ѝ продаде софистицирани воени беспилотни летала на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.