Свет
Ердоган: Израел ги користи нападите на Хамас за да изврши геноцид во Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелската влада го користи терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас како изговор за спроведување геноцид во Газа, во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации.
„Ова не е борба против тероризмот. Ова е политика на окупација, присилно раселување, протерување, геноцид или, поточно, политика на масовно убивање, спроведена под изговор на инцидентот од 7 октомври“, им рече тој на светските лидери собрани во Њујорк за Генералното собрание.
За време на својот говор, Ердоган покажа неколку фотографии од очајни Палестинци во Газа во центри за дистрибуција на храна, гладни деца и уништувањето предизвикано од жестокото бомбардирање на Газа од страна на Израел во текот на изминатите две години. „Геноцидот продолжува во Газа“, рече Ердоган. „Дури и сега, додека се среќаваме, умираат невини луѓе“.
Ердоган предупреди дека „оваа лудост го храни антисемитизмот“ и им порача на светските лидери дека молчењето во време на вакви злосторства е еднакво на соучество. „Мора да се договори прекин на огнот што е можно поскоро во Газа“, рече тој, додавајќи дека „геноцидниот тим“ одговорен за најновата криза „мора да биде повикан на одговорност“.
Ердоган го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека нема интерес за мир и ослободување на преостанатите заложници во Газа.
Тој, исто така, се осврна на медиумското известување за војната, велејќи дека „досега, Израел намерно убил 250 новинари кои работат за национални и меѓународни медиуми во Газа и забрани секаков влез во Газа“.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

