Свет
Ердоган: Не го признаваме Ерусалим за главен град на Израел

Турција никогаш нема да ја прифати одлуката на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Никогаш нема да ја прифатиме одлуката на САД да отворат своја амбасада во Ерусалим и да го признаат како главен град на Израел“, изјави Ердоган за време на заедничката прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј.
Ердоган додаде дека владата на САД води индиферентна политика со која го охрабрува Израел да врши насилство и окупација во Палестина.
„Израел ги презеде овие чекори според логиката имам моќ – имам право,“ рече турскиот претседател и додаде дека Израел е вистинскиот окупатор во регионот и дека продолжува да ги тероризира Палестинците.
Ердоган ги повика меѓународната заедница и Обединетите нации да преземат мерки, без губење време, и да го сопрат ова угнетување.
Турскиот претседател го потсети Генералното собрание на ОН дека 128 земји гласаа „против“ на предлогот на САД Ерусалим да се признае за главен град на Израел.
„Историјата нема да ви прости, во ова сите ќе се увериме; историјата нема да му прости ниту на Израел, а и во тоа ќе се уверите,“ изјави Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на Продолжуваме со промената

„ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци. Се повлеков од парламентот, да не иритирам, предложив кабинет без мое учество. Отсега да им свириш, да оставиш силна партија да стане брош на Продолжуваме со промената како ДБ, нема да се случи. Дефинитивно, избори“.
Ова за бугарски „Сега“ го коментира лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов по повод шпекулациите дека е подготвен да поднесе оставка од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање кабинет.
Ваквите коментари доаѓаат по изјавата на поранешниот претседател Росен Плевнелиев за БТВ, во која тој вели дека „Борисов е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ. Борисов е подготвен да го стори тоа и тоа го изјави многупати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил за европскиот развој на Бугарија“.
Сепак, според Борисов, поранешниот претседател не бил правилно разбран.
Европа
Унгарскиот амбасадор во Германија: На Будимпешта никој нема да ѝ држи лекции за односите со Русија

Унгарскиот амбасадор во Германија, Петер Ѓоркеш, најави дека Будимпешта има намера да ја продолжи соработката со Русија на разни полиња.
Тој порача дека Унгарија ќе го стори тоа и покрај санкциите воведени од западните земји, пренесува „РИА новости“.
„Никој не треба да ѝ држи лекции на Унгарија за односите со Русија. Будимпешта зависи од руските суровини повеќе од другите. Нема да воведуваме радикални санкции“, нагласи дипломатот.
Дополнително, Ѓоркеш зборуваше негативно за обидите на Киев да изврши притисок врз својата татковина и за обидите на Берлин да снабдува оружје и да го транспортира преку Унгарија.
„Германија прави многу за Киев, но Украина одговори само со нефер критики. Ме нервира кога Украинците нè критикуваат. Русија јасно стави до знаење дека испораките на оружје ќе станат легитимни воени цели“, рече тој.
Петер Ѓоркеш стана амбасадор на Унгарија во Германија во 2015 година.
Свет
Зеленски побара од Г7 системи за противвоздушна одбрана и санкции против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се приклучи на видеоврската на самитот на Г7, кој се одржува во замокот „Елмау“ на југот на Германија.
Зеленски денеска побара од групата седум најразвиени земји систем за противвоздушна одбрана, повеќе санкции против Русија и безбедносни гаранции, изјави неименуван европски функционер.
Обраќајќи им се на лидерите на Г7 преку видеоврска, Зеленски побара и помош за извоз на жито од Украина, како и помош за реконструкција, изјави еден европски функционер, кој сакаше да остане анонимен.