Свет
Ердоган си додели уште една функција

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган се именува себеси за претседател на државниот суверен фонд, го промени севкупниот состав на управниот комитет и го назначи министерот за финансии, Берат Албајрак, како негов заменик, беше објавено денеска во „Службен весник на Турција“.
Оваа промена е последна во серијата чекори што Ердоган ги презеде за зајакнување на своите овластувања по победата на претседателските избори во јуни, каде што стана извршен претседател со многу пошироки овластувања отколку порано, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ ги претстави новите руски воени хеликоптери, нарекувајќи ги „ѓаволски кочии“

Српската војска денеска ги претстави новите хеликоптери купени од Русија, а на церемонијата на воениот аеродром во Батајница кај Белград присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја оцени набавката како значително засилување на перформансите на српската армија.
Вучиќ рече дека новите хеликоптери „ми-35“, „Х145М“ и „ми-17“ се набавени затоа што тоа го овозможила значително подобрата состојба во државниот буџет, а исто така истакна и дека биле купени со добар попуст и олеснувања овозможени за Србија од руска страна, пренесе „Индекс“.
Тој им се заблагодари на како што кажа, руските пријатели, велејќи дека станува збор за моќни машини и најсовремени европски и руски хеликоптери, кои многумина ги нарекуваат „ѓаволски кочии“, но нагласи дека овие воени летала ќе се користат како чувари на Србија.
„Кога ќе погледнете како изгледаат овие машини, ви станува јасно зошто за нив се вели дека се страв и трепет и зошто некои ги нарекуваат ѓаволски кочии. За нас, тие се чувари на нашата земја и небо“, нагласи српскиот претседател.
Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред рокот, а во Белград беа транспортирана со товарен авион на руската армија два дена пред средбата на Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4. декември.
Европа
Салвини се закани дека ќе ја бојкотира „Нутела“ бидејќи не му е доволно италијанска

Италијанскиот десничарски опозиционер, Матео Салвини, се закани дека ќе ја бојкотира „Нутела“, бидејќи нејзините состојки не се сто проценти италијански.
„Се премислив затоа што дознав дека ‘Нутела’ содржи лешници од Турција, па повеќе би сакал да им помогнам на компании кои користат италијански производи“, изјави Салвини на еден јавен собир.
„Повеќе би јадел италијански производи ако со тоа можам да им помогнам на италијанските земјоделци“, додаде 46-годишниот политичар.
Салвини сака јавно да ги истакнува своите прехранбени навики како дел од неговата стратегија на социјалните мрежи. „Нутела“ честопати досега ја истакнувал на фотографии со храна на своите профили на „Твитер“ и „Фејсбук“.
Во видео на „Фејсбук“, тој ги повика „Фереро“ и другите локални компании за храна да набават италијански шеќер, лешници и млеко.
Производителот на „Нутела“ не одговори на забелешките на Салвини. „Фереро“ е најголемиот купувач на лешници во светот, а како што се тврди, количината на лешници во Италија не е доволна за да се задоволат потребите за производство на кремот „Нутела“.
Свет
САД и Иран разменија затвореници

САД и Иран денеска разменија затвореници, при што секоја страна ослободи по едно лице, што претставува редок чин на дипломатска соработка меѓу двете земји, по повеќемесечните тензии.
Студент на постдипломски студии на американскиот Универзитет Принстон е ослободен во Иран, во замена за ирански научник кој е задржан во САД.
За време на размената, која е извршена во Цирих, ирански официјални претставници го предадоа американскиот студент со кинеско потекло Сијуе Ванг, кој беше во притвор во Техеран од 2016 година, во замена за научникот Масуд Солејмани, кој беше осуден во сојузната американска држава Џорџија.
Набрзо се огласи и американскиот претседател, Доналд Трамп, потврдувајќи дека Ванг е ослободен и се враќа во САД.
„Ванг беше затворен од август 2016 година под изговор дека вршел шпионажа. Им благодариме на швајцарските партнери за помошта во преговорите за ослободување на Ванг од Иран“, нагласи Трамп.
Солејмани, пак, кој работи на истражување на матични клетки, хематологија и регенеративна медицина, бил уапсен од американските власти под обвинение дека ги прекршил трговските санкции, обидувајќи се во Иран да пренесе биолошки материјал.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци