Контакт

Европа

Ердоган: Никој нема да ја покори Турција

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот, по повод тригодишнината од неуспешниот обид за воен удар, рече дека никој не може да го покори турскиот народ.

Тој исто така најави дека ракетниот систем „С-400“, кој Турција го набави од Русија, ќе биде целосно оперативен до април 2020 година.

Годишнината од обидот за државен удар беше одбележана во целата земја, а централниот настан симболично се одржа на аеродромот „Ататурк“, на кој турскиот претседател слета ноќта на 15 јули 2016 година.

„Сè додека ги одржуваме нашата вера, нашата историја и нашата култура, нашите потомци, никој не може да ја окупира оваа земја и никој не може да го пороби овој народ“, рече Ердоган во обраќањето од истанбулскиот аеродром пред повеќе десетици илјади луѓе, објави агенцијата „Анадолија“.

Тој додеде дека се надева оти по тој 15 јули, никој веќе нема ни да помисли да се обиде да ја загрози волјата на народот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Советот на ЕУ: Климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел ги повикаа земјите партнери да ги засилат своите активности и најавија употреба на сите европски инструменти за надворешна политика за борба против климатските промени.

„Климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото и биодиверзитетот во сите земји и региони и бара итен заеднички одговор“, заклучи Советот на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел ја истакнаа важноста на климатското дејствување и потврдија дека прашањето ќе биде еден од приоритетите на надворешната политика на ЕУ во 2020 година.

Беше истакнато дека водечката улога на ЕУ за заштитата на климата е круцијална, како пример за другите во остварувањето на глобалните амбиции во оваа област.

Советот на ЕУ го покани високиот претставник Борел, Европската комисија и земјите членки да идентификуваат конкретни и оперативни чекори во областа на т.н. климатска дипломатија до јуни 2020 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Падна норвешката влада, се скарале поради подржувачка на терористите

Објавено пред

Норвешката коалициска влада падна кога популистичката десничарска Напредна партија се повлече од неа поради спорот за осомничената поддржувачка на ИС, која е вратена од Сирија.

Лидерката на Напредната партија, Сив Јенсен, ја објави одлуката по разговорот со раководството на својата партија и со премиерката Ерна Солберг.

Осомничената поддржувачка на Исламската држава, жена родена во Пакистан, беше вратена во Норвешка со своите две деца.

„Можевме да примиме деца, но не правиме компромис со луѓето што учествуваа во терористички организации“, рече Јенсен на прес-конференција.

Владата ја одобри репатријацијата на три лица од бегалскиот камп „Ал-Хол“ во Сирија донесувајќи одлука базирана на информации дека едно петгодишно момче е многу болно.

Јенсен исто така рече дека нејзината партија смета оти направила премногу компромиси.

Таа додаде дека верува оти Солберг ќе остане премиерка.

Прикажи повеќе...

Европа

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Објавено пред

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет.

Повредени се околу 30 луѓе, некои од нив посериозно, изјави портпаролот на одделот за итни случаи.

Многу жители на домот вдишале големи количини чад.

Пожарот избувнал утрово во дом за лица со инвалидитет во гратечето Вејпрти. Причината за пожарот сè уште не е откриена.

Градот се наоѓа во северозападниот дел на Чешка, во близина на германската граница.

На местото на настанот пристигнале седум амбулантни возила, меѓу кои и две од Германија. Пожарот веќе не се шири, но сè уште не е целосно под контрола.

Ова е втор најсмртоносен пожар во Чешка во последните неколку децении.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија12 часа

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија12 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија14 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија14 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет15 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија16 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија18 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија18 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ18 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет18 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет19 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија20 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет20 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет1 ден

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет1 ден

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава1 ден

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион1 ден

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет1 ден

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија2 дена

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Досие