Свет
Ердоган ѝ порача на Русија да ја преиспита одлуката за напад на Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја напаѓа Украина.
„Русија треба да ја преиспита светската ситуација, но и сопствената, пред да се реши на таков чекор“, им изјави Ердоган на новинарите по посетата на Албанија.
Ердоган рече дека руската инвазија на Украина не ја смета за реален пристап бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.
„Украина е силна земја“, рече турскиот претседател.
Москва, која го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји е црвена линија што не смее да се помине.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
„Донбас ќе биде украински“, рече Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.
Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили во најмалку 100 дена војна се обидуваат да ги постигнат целите што се надевале дека ќе ги постигнат во првите денови од конфликтот.
Свет
„Си-ен-ен“: Вашингтон ќе вклучи ракетни системи со долг дострел во испораките на оружје за Украина

Вашингтон има намера да вклучи ракетни системи со долг дострел во вооружената помош за Украина, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неименувани официјални извори.
Според нив, американската администрација е подготвена да ги испрати системите како дел од поголем пакет во Киев, кој може да биде објавен следната недела.
Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, коментираше дека се надева оти ќе надвладее здравиот разум и дека таквото оружје нема да стигне до Киев.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека е „внимателно и свесно“ за барањето на Украина за ракетните системи, но дека „одлуките се уште не се донесени“.
Регион
Иран ќе преземе казнени мерки против Грција поради заплената на нафта

Иран одлучи да преземе казнени мерки против Грција поради заплената на иранска нафта кај грчкиот брег, објави „Ноур њуз“.
„Ноур њуз“ – близок до највисокиот ирански орган за државна безбедност, не објави какви мерки ќе преземе Иран, пренесе „Ројтерс“.
Претходно Иран го повика швајцарскиот амбасадор, кој ги застапува американските интереси во Техеран, да реагира против американското запленување на иранска нафта од брод со кој управувала Русија во близина на Грција, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи што го пренесуваат иранските медиуми.