Европа
Естонија го укинува карантинот за вакцинираните патници

Естонија ќе го укине карантинот за сите патници што имаат потврда за примена вакцина против коронавирусот.
Официјални лица велат дека овој потег нема да биде ограничен на вакцини од одредени доставувачи одобрени од ЕУ, туку ќе ги опфати вакцините од сите компании во светот.
Сепак, тие наведуваат дека сертификатот за вакцинација на странски државјани ќе мора да исполнува одредени критериуми.
Сертификатите ќе треба да се издаваат на естонски, руски или англиски јазик.
Во сертификатот ќе треба да се наведе болеста против која е вакцинирано лицето, датумот кога е примена вакцината, нејзиниот сериски број, името на производителот и името на телото што ја издало дозволата за нејзина употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата за вакцинација.
„Времетраењето на отпорноста кон вирусот по инфекцијата е непознато, но истражувањата покажуваат дека единечна доза кај овие луѓе го зголемува имунитетот“, се вели во упатството.
Франција воведе слична политика претходно овој месец и италијанските политичари размислуваат да го следат истиот пат.
Шпанија веќе ги советуваше луѓето што немале тешка форма на Ковид-19 да чекаат шест месеци од дијагностицирањето пред да бидат вакцинирани.
Во Шпанија се вакцинирани околу 2,2 милиона граѓани од приоритетните групи, како што се корисници и вработени во домови за стари лица, лица над 80 години и медицински персонал во првите редови во борбата против коронавирусот. Од нив, 1,2 милиона добиле две дози.
Европа
Во Србија 3.339 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.339 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починале.
Тестирани се 14.128 лица. Во болница има 3.876 пациенти, од кои 159 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 453.240 случаи на коронавирус, а починале 4.414 лица.
Стапката на смртност е 0,97 проценти. Досега се тестирани 2.917.578 лица, пренесува „Танјуг“.
Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер