Контакт

Свет

Етиопија го одобри основањето на комисија за гранични и идентитетски прашања

Објавено пред

Парламентот на Етиопија го одобри контроверзниот закон кој му овозможува на премиерот Абиј Ахмед да состави комисија што ќе ги разрешува конфликтите произлезени од идентитетот и граничните проблеми помеѓу регионалните администрации.

Законот беше остро критикуван од некои пратеници, кои тврдеа дека е противуставен. Сепак, тој беше усвоен со мнозинство гласови.

Повеќе од 1,4 милион луѓе во моментот се раселени како резултат на етничките конфликти во земјата.

Новата комисија за гранични и идентитетски прашања ќе има задача да ги проучува причините за овие конфликти и да носи решенија што ќе им помогнат на пратениците.

Најголемиот отпор доаѓа од страна на Тигарјан, регион во северниот дел од земјата, каде што оптимизмот за реформските мерки на новиот премиер Абиј Ахмед е најмал за разлика од другите делови од земјата.

Етничките судири и идентитетските прашања се работа на Долниот дом во парламентот, што ја прави оваа комисија непотребна, велат пратениците што не се согласуваат со нејзиното основање.

Конституирањето на комисијата би можело да ги зголеми поделбите помеѓу новата администрација и партија на Тигарјан, која е дел од владејачката коалиција.

Европа

ЕК резервираше 400 милиони дози на потенцијална вакцина од американска корпорација

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) објави дека резервирала до 400 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус, којашто ја развива американската корпорација Џонсон и Џонсон.

На крајот од првата фаза на преговорите, што заврши вчера, во принцип е постигнат договор дека ЕУ, откако ќе се потврди безбедноста на вакцината и нејзиниот ефект врз коронавирусот, може да купи 200 милиони дози во име на сите членки на ЕУ, а подоцна да добие дополнителни 200 милиони дози.

Комисијата изјави дека ќе продолжи со „интензивни разговори“ со други производители на вакцина против коронавирус.

На 31 јули, ЕК објави дека резервирала 300 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус која ја развила француската компанија Санофи.

Прикажи повеќе...

Свет

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Објавено пред

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус.

Регионалниот суд во Тирол утврди дека 54-годишната Германка три пати ја прекршила наредбата да остане дома, објави АП. Полициските службеници кои ја надгледувале жената изјавиле дека таа одела во супермаркети, прошета низ паркот и отишла во болница за да ја лекува повредената рака.

Таа има право да се жали на одлуката.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Објавено пред

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека се во напредна фази на тестирање.

СЗО и партнерите вклучија девет експериментални вакцини против Ковид-19 во инвестициона програма за вложување којашто ги охрабрува земјите да се приклучат, а проектот е познат како Ковакс.Иницијативата им овозможува на земјите да инвестираат во неколку вакцини за да добијат ран пристап и теоретски обезбедува средства за земјите во развој, објави АП.

„Немаме доволно информации за да донесеме одлука за ваквата руска вакцина“, рече д-р Брус Ајлвард, постар советник на генералниот директор на СЗО.

„Разговараме со Русија за да добиеме дополнителни информации за да го разбереме статусот на овој производ, спроведените тестови и кои се следните чекори“, рече тој.

Претседателот Владимир Путин оваа недела објави дека Русија одобрила вакцина против коронавирус и тврди дека ги штити луѓето до две години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ13 минути

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Македонија45 минути

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова...

Свет1 час

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 час

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет4 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет12 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет13 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа14 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија15 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија16 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ17 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија17 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија19 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија20 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија20 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија21 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија22 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Досие