Европа
Еуростат: Во Европа е забележана најниска стапка на невработеност од почетокот на мерењата во 2000-та година

Податоците на Заводот за статистика на Европската Унија, Еуростат, покажуваат дека сезонски прилагодената стапка на невработеност во септември во еврозоната изнесувала 8,1 отсто и останала стабилна во однос на август 2018 година, но се намалила во споредба со истиот период од претходната година, кога изнесуваше 8,9 проценти.
Тоа е најниска стапка на невработеност во еврозоната од ноември 2008 година.
Стапката на невработеност во ЕУ изнесуваше 6,7 отсто во септември 2018 година и остана стабилна во споредба со претходниот месец. Стапката на невработеност е помала во споредба со истиот период минатата година кога изнесуваше 7,5 отсто. Ова е најниска стапка на невработеност во ЕУ од почетокот на мерењата за невработеност во ЕУ кои започнаа јануари 2000 година, посочуваат оттаму.
Еуростат проценува дека тоа е бројка од околу 16.574.000 невработени луѓе во септември 2018 година.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најниска стапка на невработеност во септември 2018 година беше забележана во Чешка – 2,3 отсто, потоа следуваат Германија и Полска – 3,4 отсто, додека највисока стапка е регистрирана во Грција или 19 отсто во јули и Шпанија 14,9 отсто.
Споредено со претходната година, стапката на невработеност опаднала во 27 земји членки и останала стабилна во Естонија.
Најголем пад во процентот на невработеноста е регистриран во Кипар од 10,2 отсто на 7,4 отсто, а во Хрватска, пак од 10,5 отсто на 8,2 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Италија наскоро можеби и граѓаните ќе предлагаат закони

Претставничкиот дом на италијанскиот парламент, во кој доминираат популистите од Движењето 5 ѕвезди (M5S) и десно ориентираната Лига усвои предлог-закон кој им овозможува на граѓаните да предлагаат закони, можност што досега не постоеше во оваа европска земја.
Усвоениот предлог-закон предвидува дека предлозите на граѓански иницијативи кој имаат собрано најмалку 500 000 потписи мора во рок од 18 месеци да бидат прифатени од страна на парламентот, без притоа во нив да се внесуваат значајни измени.
Доколку парламентот не го усвои предлогот во овој рок или доколку истиот е значително променет, ќе се организира референдум.
Законот ќе се смета за усвоен во изворна форма ако повеќе од 25 проценти од избирачите се изјаснат и доколку опцијата за поддршка победи на референдумот.
Во моментов, италијанскиот Устав предвидува само поништувачки референдум, се кои законите се бришат целосно или делимно, со кворум од 50 отсто плус еден глас.
Новиот нацрт-закон на претставничкиот дом, со кој се менуваат два члена од Уставот, мора да мине преку Сенатот, а потоа се враќа во Претставничкиот дом, по што повторно во финална верзија се праќа до Сенатот.
Сите измени на италијанскиот Устав бараат двојно одобрување од страна на двата дома на парламентот.
Европа
Војници на Хитлер и натаму примаат пензија

Во Белгија, Велика Британија и некои други европски земји припадниците на хитлеровата паравојска Schutzstaffel (SS) и натаму добиваат германски пензии.
Како што пишува Ен-би-си, станува збор за 27 поранешни војници. Целата ситуација била откриена кога четворица пратеници во белгискиот парламент побарале прекин на исплатата на ваквите пензии и презинтирале докази дека истите постојат и натаму се исплаќаат.
Но, како што додава Ен-би-си, од правна страна нема неправилности во однос на исплатите.
Имено, Германија има наследено обврска од Третиот рајх во поглед на исплатата на пензии за војниците, што е наведено во декрет од 1941 година, потпишан од Хитлер. Тоа е единствената одлука на Хитлер која законски останала на сила и по Потсдамската конференција во 1945 година.
Белгиските власти не знаат точно за кои нивни граѓани станува збор бидејќи само Германците имаат информации за идентитетот.
Бидејќи нема обврска земјите членки на ЕУ меѓусебно да се информираат едни со други за прекугранични исплати на пензии, плаќањето се врши без оданочување. Пензиите за војниците на Хитлер изнесуваат од 425 до 1275 евра.
Европа
Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се повредени, објавија италијанските медиуми.
Судирот се случил поради густата магла и слабата видливост на автопат во близина на Верона.
Според весникот „Месаџеро“, шест повредени лица се во многу тешка здравствена состојба.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа