Контакт

Свет

ЕУ: Нема да го признаеме планот на Нетанјаху за измена на границите

Објавено пред

По објавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ако повторно биде избран за премиер, ќе ја анектира долината на реката Јордан, Европската Унија соопшти дека „нема да го признае планот за какви било измени на границите од пред 1967 година“, мислејќи на вчерашниот настап на Нетанјаху.

„Акција преземена во овој контекст ќе ги поткопа можностите за решението за две држави и изгледите за постигнување конечен мир“, изјави портпаролот на ЕУ.

Регион

Сѐ повеќе мигранти на Лезбос, во кампот снемува место

Објавено пред

Брзото зголемување на бројот на мигранти кои од Турција пристигнаа на грчки Лезбос ја предизвика најлошата криза на островот во последните четири години, кога бранот на бегалци го достигна својот врв.

Локалните и безбедносните власти денеска ќе одржат вонреден состанок по овој повот.

Во бегалскиот камп Морија веќе нема простор за сместување на нови луѓе, бидејќи во моментов таму се сме 12.000 мигранти, што е за четири пати повеќе од планираниот капацитет.

Стотици мигранти кои не успеале да се сместат во кампот, спијат на отворено или во шатори, пренесува АП.

Грчката влада вети поинтензивни поморски патроли и најави дека ќе побара дополнителна меѓународна поддршка.

Министерот за одбрана, Никос Панагиотопулос, изјави дека војската ќе обезбеди поголема поддршка за крајбрежната стража на островот во Егејското море.

Грчкиот премиер, Киријакос Микотакис, се очекува да разговара за кризата со американскиот претседател, Доналд Трамп и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Прикажи повеќе...

Свет

ФСБ: Американските служби помагаат во префрлањето терористи во Авганистан

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност поседува информации за вмешаност на американските специјални служби во префрлањето милитанти на Исламска држава на северот на Авганистан, изјави раководителот на Петтото одделение на ФСБ, Сергеј Беседа на форумот во Казан, пренесува „Спутник“.

Според Беседа, целта на овие акции е да се дестаабилизира ситуацијата на јужните граници на Заедницата на независни држави. Во Казан се одржува годишниот форум на раководители на органите за безбедност и разузнавачките служби на државите од Заедницата. Тема на разговорите се заедничките напори за неутрализирање на предизвиците кои доаѓаат однадвор.

Прикажи повеќе...

Свет

Сирија испраќа тенкови и трупи кон границата со Израел

Објавено пред

Сириската армија испрати засилувања кон израелската граница, се вели во извештајот на Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) со седиште во САД, пренесува „Брејртбарт“.

Во извештајот не се наведуваат никакви причини за овој потег, кој се случи само неколку часа откако сириските државни медиуми објавија дека се урнало беспилотно летало натоварено со експлозив во регионот на планината Хермон.

Тенкови, оклопни возила, војници, муниција и оружје биле испратени во градовите Џамлах и Абдин во близина на границата со Израел, тврдат од СОХР. Тие на почетокот од месецов информираа дека либанската шиитска терористичка група Хезболах се обидува да ја преземе контролата над Кунеитра, област контролирана од бунтовниците што се борат против Асад.

Иако сириските власти тврдат дека беспилотното летало потекнува од Израел, портпаролот на арапски јазик на Израелските одбранбени сили, Авичај Адрае тврди дека дронот му припаѓал на Иран, истакнувајќи дека се спуштил на истата локација од која силите поддржани од Иран се обиделе да лансираат беспилотно летало во Израел во август.

„Она што е сигурно е дека не станува збор за дрон на ИДФ“, напиша Адрае на Твитер.

СОХР постојано известува за континуирана состојба на беззаконие во областа, која претрпе бројни напади последниве месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Дуковски: Здравјето на Јовановски е влошено, неговата состојба е животно загрозувачкa

Адвокатот Сашо Дуковски вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не дал исказ, а од среда обвинителката Русковска ќе...

Македонија35 минути

Бојан Јовановски не дава исказ во Обвинителството без да ги види доказите

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите...

Економија1 час

Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5, 2 и 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 часа

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија3 часа

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија4 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион4 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија5 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија5 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет5 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет5 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет16 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт19 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион22 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија1 ден

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион1 ден

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура2 дена

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Досие