Контакт

Европа

ЕУ од следната година воведува универзален полнач за сите мобилни

Објавено пред

Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите во Европскиот парламент расправаше за обврската да се воведе универзален полнач за сите мобилни телефони и помали електронски уреди.

Потпретседателката на европските социјалисти, Билјана Борзан, рече дека стандардизацијата на полначите може да почне веќе од наредната година.

„Ова е многу добра вест за граѓаните. Секој од нас има по неколку стари полначи во фиока и постојано собираме нови. Некои полначи ја зголемуваат цената на уредот и до 40 евра, така што оваа стандардизација, која ќе обезбеди универзален полнач за сите типови мобилни телефони и евентуално други мали електронски уреди, ќе доведе до значителни заштеди за граѓаните“, смета Борзан.

Таа нагласи дека електронскиот отпад низ делови од ЕУ, секоја година расте за од три до пет проценти, пренесе хрватски „Индекс“.

Годишно како отпад завршуваат 51.000 тони полначи. Токму затоа во тек се консултациии за начинот на кој полначот би требало да се стандардизира, а законските одредби би можеле да се усвојат веќе следената година.

Европа

Воени кучиња во Австрија си го убиле водичот

Објавено пред

Службени кучиња на австриската армија убиле водич за кучиња во касарната во Винстерштат, недалеку од Виена.

Белгиските овчари, службени кучиња на армијата, го нападнале 31-годишниот офицер и го убиле, соопшти полицијата.

Офицерот ноќта бил задолжен да се грижи и да ги храни кучињата.

Тој бил пронајден мртов додека ги контролирал објектите во кои биле сместени кучињата.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија забранува убијци и силувачи да возат такси и градски превоз

Објавено пред

Руското Министерство за транспорт воведе закон со кој се забранува насилници, убијци, силувачи и други опасни осудувани криминалци да работат како таксисти и возачи на јавен превоз.

Законот е развиен во име на рускиот претседател Владимир Путин, а иницијативата му припаѓа на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесува српски „Телеграф“.

Пратениците го поддржаа законот, пишува руски „Комерсант“.

Според документот, на правните лица им е забрането да ангажираат возачи на автобуси, тролејбуси и трамваи да бидат таксисти лица што се осудени со обвинение за убиство, тортура, силување, намерно нанесување тешки телесни повреди, терористички напад и организирање тероризам.

Правилото нема да се однесува на оние што се на условна казна.

Во рок од 120 дена од усвојувањето на законот работниците ќе треба да им достават полициско досие на своите претпоставени. Во отсуство на соодветна документација, компанијата има право да го отпушти работникот.

Прикажи повеќе...

Европа

Туск: Русија е стратешки проблем, а не партнер

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет во заминување, Доналд Туск, рече дека ги уверил водачите на ЕУ оти Русија е стратешки проблем, а не стратешки партнер.

„Морав постојано, речиси секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Јас дури бев етикетиран како мономан бидејќи бев толку фокусиран на оваа тема“, изјави Туск во говор на Универзитетот во Бриж.

Според него, целта му била да се одржи европското единство за кое агресивната политика на Кремљ била главен предизвик.

„Бев и сè уште сум убеден дека оваа игра не се однесува само на иднината на независноста на Украина и безбедноста на централна Европа, туку и на суверенитетот на Европа како политички субјект. И воопшто не се сомневам дека стратешката цел на Владимир Путин не е само да ја врати контролата врз териториите на СССР, туку и систематски да ја ослаби ЕУ со создавање внатрешни поделби“, рече Туск.

Тој додаде дека неговите напори на крајот се исплателе бидејќи единството на ЕУ се зајакнува преку санкциите кон Русија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија3 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија3 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија3 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет4 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа5 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија5 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион16 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион18 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија19 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија22 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија24 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија1 ден

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија1 ден

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа1 ден

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија1 ден

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Досие