Контакт

Европа

ЕУ: Подготвен е технички договор за брегзит, на потег е британската влада

Објавено пред

Денеска во Брисел во голема мера беше подготвен привремен технички договор за брегзит и се чекаше сеопшта поддршка, изјави неименуван претставник на Европската Унија.

Тој додаде дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години.

Но, како што рече, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.

Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите рекол дека постои можност за постигнување согласност за нов договор за брегзит, но оти сè уште не е постигнат.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Каталонскиот лидер на суд поради сепаратистички симболи

Објавено пред

За каталонскиот лидер Квим Тора, кој е наклонет кон отцепување на шпанскиот регион, денеска почна судењето под обвинение дека не ја почитувал наредбата за отстранување на каталонските сепаратистички симболи од јавните згради за време на предизборната кампања.

Доколку биде осуден, Тора може да биде прогласен за несоодветна личност за извршување  јавна функција за определен период.

Обвинителите го товарат Тора за непочитување на одредбите на државната изборна комисија да се отстрани симболот на сепаратистите – жолта лента, од седиштето на владата на Каталонија во Барселона, пред парламентарните избори на 28 април.

Со жолти ленти, некои Каталонци изразуваат поддршка за водачите на сепаратистичкото движење, од кои деветмина се осудени на долги затворски казни за нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Изборната комисија тврди дека жолтите ленти биле алатка за политичка пропаганда и дека со тоа е прекршен Законот за изборна кампања.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Новиот состав на белорускиот парламент ќе биде без опозициски пратеници

Објавено пред

Сто и десетте пратеници избрани на парламентарните избори во Белорусија се од партии кои ја поддржуваат власта, а опозицијата ги загуби и досегашните две места.

На претходните избори во 2016 година двајца членови на опозицијата беа избрани како претставници во парламентот за првпат во 20 години, но ни на еден од нив не му било дозволено да се кандидира овој пат. Бројни кандидати, вклучително и некои од опозициските фаворити, беа исклучени од изборите затоа што, наводно, не успеале да ги исполнат административните барања.

Политикологот Павел Усов го смета за претеран податокот што го објави државната изборна комисија дека одѕивот на изборите бил 77,22 проценти и додадва дека граѓаните се помалку излегуваат на избори, чиј исход е познат однапред.

Независниот информативен сајт naviny.by оцени дека „власта плукнала на опозицијата“ и си формирала парламент по свој терк.

Ваквиот резултат дојде и покрај напорите на шефот на државата, Александар Лукашенко, кој се обидува да се приближи кон Европската Унија иако таа редовно го критикува недостигот на демократија во поранешната советска република. Во последните години Лукашенко ѝ дава повеќе простор на опозицијата и ги ослободи политичките затвореници во обид да ги подобри врските со Западот, по несогласувањата со својот традиционален сојузник Москва.

Наречен „последниот диктатор во Европа“, Лукашенко ја води поранешната советска република цели 25 години.

Ниту едни избори кои од тогаш се одржуваат во Белорусија не се сметаат за слободни или фер од страна на меѓународните набљудувачи.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Москва го потврди учеството на средбата во Париз

Објавено пред

Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин на 9 декември ќе учествува на меѓународниот самит на Нормандиската четворка во Париз за ситуацијата во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека Путин ќе присуствува на Самитот во обид да се постигне напредок во барање мирно решавање на конфликтот во источна Украина.

Песков одби да разговара за очекувањата на Москва за настанот, пренесува „Ројтерс“.

Француското претседателство објави во петокот дека во Париз ќе бидат лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина, но Кремљ дури денес јавно го потврди присуството на претседателот Путин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија4 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија4 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија4 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет6 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија7 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија8 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија18 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет19 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа20 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет21 час

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Досие