Контакт

Европа

ЕУ со нови правила за апарати за домаќинство

Објавено пред

Европскиот парламент уште во 2017 година го усвои извештајот за продолжување на рокот на траење на апаратите за домаќинство, а усвоени се предлозите за забрана за програмирано расипување на апаратите, забрана за неодвоено вградување витални делови и за поголема достапност на резервни делови на пазарите, како и воведување ознаки за минимално траење на апаратiте за домаќинство.

Сепак, на пазарот сè уште се наоѓаат апарати програмирани да се расипат. Минатата недела на сила стапија измените на директивите за екодизајн, кои наложуваат достапност на резервни делови за фрижидери, машина за перење алишта, машина за садови, телевизири и апарати за осветлување во рок од седум до десет години.

Белгискиот кандидат за комесар во Европската комисија, Дидиер Рејндерс, изјави дека ЕУ мора да има јасен став за тој проблем, тој смета дека доброволните мерки не се доволни. Рејндерс истакна дека Европската комисија ќе излезе со предлог закон со кој ќе се забрани вградено расипување на апаратите.

ЕК моментално го испитува тврдењето дека некои апарати се произведени со вграден дефект, за потрошувачите да мораат по истекот на гаранцијата да купат нов модел. Во Франција на пример, таквата пракса на законот е забранета, а хрватската европарламентарка Билјана Борзан бара забрана на ниво на ЕУ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Каталонците се собираат во Барселона, за петок најавени масовни демонстрации

Објавено пред

Илјадници луѓе од пет каталонски градови денеска се собраа и се упатија кон Барселона, каде в петок е најавен генерален протест и масовни демонстрации.

Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Слобода за политичките затвореници“, алудирајќи на деветте каталонски претставници, кои се осудени на затворски казни поради улогата која ја имаа во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Шефот на каталонската Влада, Квим Тора се придружи на еден од маршевите, истакнувајќи дека сака да биде со народот.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен маж кој во изолација држел цело семејство, лажејќи ги дека доаѓа крајот на светот

Објавено пред

Маж на возраст од 58 години е уапсен откако холандската полиција пронашла шестчлено семејство кое со години живеело на една фарма во изолација.

Тој утре ќе се појави пред суд под обвинение дека противзаконски лишил од слобода и предизвикал штета по здравјето на други лица.

Како што пренесоа локалните медиуми, тој изнајмил семејна куќа во која семејството, петмина браќа на возраст од 18 до 25 години и нивниот татко, ги држел затворени во една соба девет години.

Неговиот идентитет не се соопштува. Човекот ќе биде обвинет за киднапирање.

Според досегашните сознанија, семејството го чекало крајот на светот, живеејќи во изолација на имот кај селото Руинерволда, во северна Холандија.

Тие се откриени кога еден од синовите, најверојатно најстариот брат, избегал и побарал помош во бар во близина.

Браќата преживувале хранејќи се со зеленчук што го одгледувале на имотот.

Прикажи повеќе...

Европа

Туск: За неколку часа ќе се знае кога ќе се случи брегзит

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека за седум или осум часа би требало да биде познато кога ќе се случи излезот на Велика Британија од ЕУ.

„Теоретски за седум до осум часа би требало сè да биде јасно“, истакна Туск.

Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат предлозите за евентуален договор на дводневниот самит, кој почнува в четврток во Брисел.

Британскиот премиер Борис Џонсон и натаму верува дека Британија ќе излезе од Унијата на 31 октомври, што е последниот утврден рок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не ја гасете ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев, попладнево е во Брисел, каде заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, одржа прес-конференција во обид да издејствува европските...

Европа2 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија3 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија5 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија5 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија6 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет6 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион7 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија7 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет9 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет9 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет9 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион10 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа10 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија21 час

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет22 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија24 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион1 ден

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт1 ден

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Досие