Европа
ЕУ со остра осуда за руската агресија, најавени нови санкции

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, остро ја осудија руската воена агресија врз Украина и најавија нови санкции против Руската Федерација.
„Силно ја осудуваме руската воена агресија без преседан врз Украина. Со неиспровоцирани и неоправдани воени дејствија, Русија грубо го крши меѓународното право и ги поткопува европската и глобалната безбедност и стабилност“, рекоа Фон дер Лаен и Мишел во заедничката изјава.
Руските сили утрово истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и истоварија сили на нејзините јужни брегови, објавија украински официјални лица и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што ја нарече, специјална воена операција на истокот.
Мишел и Фон дер Лаен ја повикуваат Русија веднаш да ги прекине нападите, да ги повлече своите сили од Украина и целосно да го почитува нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност.
Мишел за вечерва свика вонреден самит на лидерите на ЕУ на кој ќе се разговара за безбедносната криза и дополнителни санкции против Русија, кои, како што се најавува, ќе имаат големи и тешки последици за Русија поради нејзините потези, а кои ќе бидат воведени во тесна координација со трансатлантските партнери.
„Претседателката на Комисијата Фон дер Лаен ќе претстави нов пакет санкции што е во фаза на финализирање и брзо ќе биде усвоен од Советот на ЕУ“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
95-годишна италијанска филмска дива во трка за Сенатот

Италијанската филмска икона Џина Лолобриџида ќе се кандидира за Сенатот следниот месец, неколку недели откако го прослави својот 95-ти роденден, јавува Си-Ен-Ен.
На изборите кандидатот на Суверена и Народна Италија ќе биде во градот Латина.
– Уморен сум од политичари кои меѓусебно се расправаат и никогаш не стигнуваат до поентата – изјави во неделата филмската дива за Corriere del Serra. – Ќе се борам луѓето да одлучуваат, од здравство до правда. Италија е во лоша состојба. Сакам да направам нешто добро и позитивно.
Иако имала „почит“ за работата на поранешниот италијански премиер Марио Драги, Лолобриџида вели дека не се согласувала со неговата политика. Таа решила да започне изборна кампања откако разговарала со адвокат.
Лолобриџида во разговорот изјавила дека е „добра пријателка“ со Индира Ганди, која била првата жена премиер на Индија.
– Ќе се гледавме секогаш кога ќе дојдеше во Рим. Таа беше извонредна жена.
Лолобриџида се приклучи на Булеварот на славните во Холивуд во 2018 година,пренесе Телеграф.рс.
Европа
Естонија ги затвора границите за руските граѓани

Естонија оваа недела ќе ги затвори границите за повеќе од 50.000 Руси на кои претходно им биле издадени визи, со што ќе стане првата земја во Европската унија што ќе спроведе мерки кои имаат за цел да го отежнат влезот на обичните Руси во ЕУ.
Русинката Ана, која како и многу Руси секојдневно ја минува границата во естонскиот град Нарва, е загрижена дека повеќе нема да може да доаѓа во Естонија за да ги посети гробовите на своите роднини, пренесува Ројтерс.
„Се надеваме дека нашите земји ќе постигнат компромисно решение. Можеби ќе се договорат за нешто. Се држам настрана од политиката, но бидејќи моите роднини се закопани овде, би сакала да можам сепак да дојдам“, рече Ана и рече дека обичните луѓето не можат да решат ваков проблем,пренесе Танјуг.
Европа
Возач се онесвестил зад воланот, автомобилот возел сам 25 километри

Автомобил со онесвестен возач во неделата поминал повеќе од 25 километри на автопатот пред полицијата да успее да го запре.
Автомобилот имал вклучен темпомат и систем за одржување на лента. Очигледно, рацете на возачот останале на воланот, па системот бил активен, објавува Ревија ХАК.хр, пренесува Н1.
Инцидентот се случил на автопатот Е314 во северна Белгија. Возачите кои се движеле по автопатот забележале дека возилото „рено клио“ се движи лево-десно во сообраќајната лента и ја известиле полицијата.
Полицијата утврдила дека зад воланот има онесвестен маж и се обидела да го запре возилото.
Возачот во несвест бил пренесен во болница. Неговата здравствена состојба не е позната,пренесе Денес.рс.