Контакт

Свет

Ефикасноста на вакцината е помала кај јужноафриканскиот вид на вирусот, покажува нова студија

Објавено пред

Податоците од клиничките испитувања на две вакцини против Ковид-19 покажуваат дека јужноафриканската варијанта на коронавирус ја намалува нивната ефикасност во заштитата од болеста, при што се истакнува потребата што е можно поскоро да се вакцинираат голем број луѓе, предупредуваат научниците.

Вакцините од копманиите „Новавакс“ и „Џонсон енд Џонсон“ се поздравени како важно оружје во намалувањето на бројот на смртните случаи и хоспитализации во пандемијата која зарази повеќе од 101 милион луѓе ширум светот и однесе два милиона животи.

Meѓутоа, овие вакцини се значително помалку ефикасни во спречувањето на Ковид-19 кај луѓе во Јужна Африка, каде се прошири позаразна верзија на вирусот, во споредба со земјите каде мутацијата сè уште е ретка, покажуваат првичните податоци објавени од фармацевтските компании.

„Очигледно е дека мутациите влијаат за пад на ефикасноста на вакцината“, вели директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во САД, доктор Ентони Фаучи. „Јасно е дека ќе се соочиме со дополнителни предизвици“, додава тој.

„Новавакс“ во четвртокот објави дека податоците собрани на половина од студијата покажале дека вакцината е 50% ефикасна во спречување на Ковид-19 кај луѓето во Јужна Африка.

За споредба, според податоците од последната фаза на истражувањето во Велика Британија, вакцината била ефикасна до 89,3 проценти во спречување на Ковид-19.

Во петокот, „Џонсон енд Џонсон“ објави дека единечна доза од нивната вакцина е во просек 66 проценти ефикасна во истражувањата спроведени на три континенти, но разликите меѓу регионите биле големи.

Во САД, каде што првите случаи на мутација на јужноафриканскиот коронавирус беа потврдени дури во текот на неделава, ефективноста достигнала 72 проценти, за разлика од Јужна Африка, каде ефективноста била само 57 отсто. Во Јужна Африка, новата варијанта позната како Б 1.351 претставува 95% од вкупниот број на ковид-случаи, се наведува во новата клиничка студија.

Втората многу позаразна варијанта, најпрво откриена во Велика Британија, а сега потврдена во повеќе од половина од сојузните американските држави, била помалку успешна во „бегството“ од вакцината, во споредба со јужноафриканската мутација.

Новите откритија отвораат прашања и во врска со ефективноста на вакцините на „Фајзер“/„Бионтек“ и на „Модерна“ против новите варијанти. Овие две вакцини беа околу 95% ефикасни во испитувањата спроведени во САД пред во светот да се појават новите варијанти на вирусот.

„Ова сега е поинаква пандемија“, вели докторот Ден Бароуш, научник од Медицинскиот факултет на универзитетот Харвард, кој учествувал во развојот на вакцината на „Џонсон енд Џонсон“.

Бароуш вели дека сега во оптек има многу нови варијанти на вирусот во Бразил, Јужна Африка, па дури и во САД, кои се значително поотпорни на антителата што се развиваат преку вакцината.

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека постои голема можност вакцината да стане неефикасна со текот на времето, поради појавата на нови варијанти.

„Тоа сè уште не е случај… но мислам дека е многу веројатно дека еден ден тоа ќе се случи“, рече Бурла на Светскиот економски форум.

Неговата фармацевтска компанија во моментов размислува дали треба да ја измени вакцината за да се гарантира заштита и од јужноафриканската мутација.

Сепак, експертите истакнуваат дека сите четири вакцини имаат голема вредност во борбата против развојот на тешки форми на Ковид-19.

„Целта е да се спречат смртни случаи, болниците да не запаѓаат во кризи, а сите овие вакцини, се чини дека успеваат да го овозможат тоа во значителна мерка“, вели доктор Амеш Адалја, експерт за инфективни болести од Универзитетот Џон Хопкинс.

Свет

Навални префрлен во затворска колонија на 100 километри источно од Москва

Објавено пред

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални пристигна во казнена колонија на околу 100 километри источно од Москва, каде ќе ја издржува затворската казна во траење од две и пол години, јави Ројтерс, цитиран од РИА Новости.

Претходно денес, сојузникот на Навални, Леонид Волков, на социјалните мрежи изјави дека семејството и адвокатите на Навални не биле официјално известени за неговата локација.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Објавено пред

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).

Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.

Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес регистриран во близина на Закинтос

Објавено пред

Денеска околу 14 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала во близина на грчкиот остров Закинтос.

Според Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимес и на длабочина од 10 километри.

Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија2 часа

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија4 часа

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Македонија6 часа

СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со...

Топ7 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија8 часа

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион10 часа

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет10 часа

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет23 часа

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија1 ден

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија1 ден

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија1 ден

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија1 ден

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа1 ден

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија1 ден

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија1 ден

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија1 ден

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија1 ден

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија1 ден

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Досие