Контакт

Вести

Железничка несреќа во Турција, неколку лица се повредени

Објавено пред

Две лица беа повредени откако воз удрил во градежно возило во предградие на Истанбул, објавија турските медиуми.

Несреќата се случила во близина на меѓународниот аеродром, објави АП.

Засега не е позната здравствената состојба на повредените лица, тие веднаш по несреќата биле пренесени в болница.

Оттаму информираат дека причините за несреќата се исто така не познати, и треба да се утврдуваат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

(Видео) Камала Харис ќе се кандидира за претседател на САД

Објавено пред

Камала Харис, демократска сенаторка во Конгресот на САД, објави дека ќе влезе во трката за претседател.

54-годишната Харис за телевизијата ABC изјави дека ќе се приклучи на листа на кандидати за претседателка како претставник на Демократската партија.

„Јас ќе се кандидирам за претседател на САД. Јас сум многу возбудена околу тоа”, изјави Харис.

Во случај на победа, Харис ќе биде прва жена на чело на Белата куќа. Харис е ќерка на имигранти и таа израснала во Калифорнија.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Осум дена драма во Шпанија: Спасувачите не можат да го извадат двегодишното дете

Објавено пред

Шпанските власти соопштија дека акцијата за спасување на двегодишното дете кое пред осум дена падна во тесен и длабок бунар во јужниот дел на Шпанија бавно напредува. Акцијата за спасување се одвива под многу тешки околности, соопштија властите.

Спасувачките екипи почнаа да копаат тунели за да стигнат до момчето, но овој процес е тежок поради камењата кои се многу тврди, изјави инженер кој ја координира потрагата и спасувачката операција.

Планот е да се ископа вертикален 60-метарски тунел за да се стигне до местото каде што се верува дека е момчето. Досега, како што објави АП, ископани се само 53 метри.

Планот е потоа да се ископа хоризонтален тунел и да се достигне до место каде што, како што се претпоставува, се наоѓа момчето. Медиумите претходно објавија дека бунарот е широк само 25 сантиметри и длабок 100 метри.

Момчето било видено од очевидци како паднало во бунарот и засега според информациите на тамошните медиуминема регистрирани знаци на живот. Пожарникарите, со помош на роботска камера, пронајдоа кесе со бонбони што момчето ги држело в рака пред тој да исчезне, односно да падне во бунарот.

Шпанските медиуми објавија дека родителите на малото момче доживеале уште една семејна трагедија во 2017 година, кога нивниот тригодишен син одеднаш починал додека се шетале по плажа во близина на Тоталан.

Прикажи повеќе...

Вести

Такси-возачи го блокираа сообраќајот во Мадрид и Барселона

Објавено пред

Стотици такси-возила уште од раните утринските часови го блокираа сообраќајот во Мадрид и Барселона.

Возачите, како што пренесоа тамошните медиуми, продолжуваат со блокадите и протестите, сè додека институциите не ги слушнат нивните барања.

Тие бараат построги регулативи за компании што се занимаваат со превоз.

Такси-возачите во шпанската престолнина почнаа штрајк во понеделникот, и според нивните најави, тој штрајк е на неопределено време, објави АП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија3 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија4 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија5 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија5 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија7 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија7 часа

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија8 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски8 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски9 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести9 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија9 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет10 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија11 час

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион12 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет12 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет12 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет14 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија1 ден

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Досие