Свет
Жена во Лондон нападната со нож од три Азијатки
Во источниот дел на Лондон денеска со нож е нападната воспитувачка во градинка, која со скршено ребро и со посекотини била примена во болница, соопшти полицијата.
Директорот на градинката “Мали дијаманти”, Керин Стивенс, рече дека воспитувачката била нападната од три азиски жени, облечени во црно, кои извикувале „Алах“.Тие ја влечеле по земја, ја удирале со тупаници, а едната од нив ја расекла со ножот од рамото до лактот.
Нападната жена била на триесетгодишна возраст и е надвод од животна опасност. Полицијата случајот се уште не го треира како тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
