Свет
Жена сведочи за масакрот во Шведска: Младо момче крвареше многу, му врзав шал околу рамениците

Марва, ученичка која го посетува училиштето за возрасни во Шведска, каде се случи нападот, ги опиша првите моменти по пукањето.
„Младиот човек до мене беше застрелан во рамото. Обилно крвареше. Кога погледнав зад мене, видов тројца луѓе на подот како крварат. Сите беа во шок, велеа ‘Бегај надвор’. Јас и мојот пријател се обидовме да спасиме живот на една личност. Луѓето беа многу вознемирени. Полицијата не беше на местото на настанот, ниту пак брзата помош, па моравме да помогнеме“, објасни таа.
„Го земав шалот на мојот пријател и цврсто го врзав околу рамото на ранетиот млад човек за да не крвари толку многу“, нагласи таа.
Полицијата преетходно потврди дека смртно настрадале околу 10 лица, а убиен е и напаѓачот. Засега нема информации за мотивите за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Возач со џип се залета во средношколци кои биле на блокада во Србија

Возач со џип денеска се залета во средношколци кои организирале блокада на крстосница во градот Бечеј, во Војводина. Ова се случило за време на 15-минутниот молк за 15-те жртви во новосадската трагедија, пишува локалниот портал „Автономија инфо“.
Инцидент бил спречен бидејќи во близина имало полицајци, по што возачот се вратил во автомобилот и заминал од местото, пишува порталот.
Учениците од гимназијата во Бечеј кои се во блокада и кои поминаа две ноќи во училиштето, денеска соопштија дека се разочарани од одлуката на Училишниот одбор наставата да продолжи за учениците кои сакаат да ја посетуваат.
Протестите на студентите се со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во која загинаа 15 лица.
Свет
Зеленски: Зборував со Трамп за постигнување мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал значаен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и дека „разговарале за можностите за постигнување мир“.
Трамп му се јави на Зеленски веднаш по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
„Имав значаен разговор со американскиот претседател. Разговаравме долго за можностите за постигнување мир, разговаравме за подготвеноста за соработка на тимско ниво и за технолошките можности на Украина – вклучувајќи беспилотни летала и други напредни индустрии“, рече Зеленски во изјавата на платформата X.
Тој му се заблагодари на Трамп за неговиот интерес за „што можат да постигнат заедно“ и додаде дека разговарале и за неговата средба со американскиот секретар за финансии Скот Бесен во Киев претходно истиот ден.
„Претседателот Трамп ги сподели деталите од неговиот разговор со Путин“, додаде Зеленски, нагласувајќи дека никој не сака мир повеќе од Украина.
„Заедно со Соединетите Држави планираме следни чекори за да ја запреме руската агресија и да обезбедиме траен, сигурен мир. „Како што рече претседателот Трамп: „Ајде да го решиме ова“, нагласи тој.
Зеленски додаде дека се договориле да останат во контакт и да планираат идни состаноци.
Свет
Зеленски: Ако не бидеме примени во НАТО, потребна ни е помош од САД – тоа е нашиот план Б

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ќе и требаат Соединетите држави да помогнат во изградбата на армија толку голема како Русија која ќе служи како „план Б“ доколку неговата земја не биде примена во Организацијата на Северноатлантскиот договор.
Киев е во војна со руските сили кои започнаа инвазија во февруари 2022 година, па затоа тврди дека пристапувањето во НАТО би било најсилниот и најевтин начин да се спречи Русија да започне нова инвазија на Украина откако ќе се постигне прекин на огнот или мировен договор.
„Ако Украина не е во НАТО, тоа значи дека Украина ќе го изгради НАТО на нејзина територија. Значи, потребна ни е армија толку голема колку што имаат Русите денес“, рече Зеленски во интервјуто за Економист.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека Соединетите Држави не го гледаат членството на Киев во алијансата како дел од мировниот план за Украина.