Контакт

Свет

Жестоки судири на границата меѓу Израел и Либан, на цивилите им е наредено да останат дома

Објавено пред

Израелските сили разменија оган со екстремистите на Хезболах по должината на границата меѓу Либан и Израел.

На израелските цивили им е наредено да не излегуваат од дома во еден од најжестоките судири во последната година, кои избувнаа во подрачјето на таканаречената Шеба фармс, кое Израел го освои во војната во 1967 година.

Судирот се случува во време на засилена борбена подготвеност на израелската војка поради очекуваниот напад од Хезболах по убиството на еден од припадниците на оваа либанска организација во израелски воздушен напад во Сирија минатата недела.

Жителите на пограничното подрачје рекле дека израелското гранатирање траело повеќе од еден час.

Портпаролот на војската на Израел рекол дека војниците отвориле оган кога екстремисти влегле на израелска територија и дека имало пукање и од другата страна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија 299 новозаразени и седуммина починати

Објавено пред

Во Србија до 15 часот се регистрирани 299 нови случаи на инфекција со коронавирус, починале седум лица, а 3.224 се хоспитализирани, е објавено на веб-страницата covid19.rs.

Од почетокот на пандемијата во Србија починаа 621 лице. По денешното намалување, стапката на смртност е 2,27 %.

Според најновите податоци, има 120 пациенти на респиратори.

Во Србија 10.033 лица биле тестирани на коронавирус во последните 24 часа.

Досега се потврдени вкупно 27.332 случаи на инфекција во Србија, а тестирани се 723.137 примероци.

Прикажи повеќе...

Свет

Германија потврди дека вработена во амбасадата во Бејрут загинала во експлозијата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Германија потврди дека вработена во германската амбасада во Бејрут загинала во силната експлозија што го уништи либанскиот главен град претходно неделава, пренесува „Брејтбарт“.

Хајко Мас во изјавата вели дека жената починала како резултат на последиците од експлозијата во нејзиниот стан. Тој им изрази сочувство на вработените во амбасадата.

Во експлозијата е оштетена и зградата на амбасадата.

Експлозијата во вторникот, најверојатно, е предизвикана од ненамерен пожар што запалил 2.700 тони амониумнитрат во хангар во пристаништето во Бејрут. Во експлозијата загинаа најмалку 135 лица, повредени се повеќе 5.000 и предизвикана е огромна материјална штета.

Прикажи повеќе...

Свет

Централната банка на Либан обезбеди бескаматни заеми за оштетените од експлозијата

Објавено пред

Централната банка на Либан им нареди на банките и другите финансиски институции да обезбедат бескаматни заеми за оштетените од смртоносната експлозија што го потресе Бејрут во вторникот, пренесува „Спутник“.

Според монетарната власт, заемите одобрени во американски долари треба да се вратат во рок од пет години.

Во смртоносната експлозија во либанската престолнина загинаа најмалку 137 луѓе, а речиси 5.000 се повредени, според локалните здравствени власти.

Половина од градските згради се сериозно оштетени, а болниците се преполни поради големиот број жртви на експлозијата. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Голем број земји во светот, вклучувајќи ги и соседите на Либан од Блискиот Исток, веќе ја понудија својата помош за Бејрут.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион2 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија3 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија3 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија4 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет6 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет7 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет7 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет7 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет20 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет21 час

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет21 час

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион21 час

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет23 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија1 ден

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ1 ден

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет1 ден

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет1 ден

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Досие