Контакт

Свет

Забранети јавни собири во Зимбабве поради епидемијата на колера

Објавено пред

Полицијата во Зимбабве денеска и официјално ги забрани сите јавни собири со цел на тој начин, доколку е можно, да престане ширењето на колерата, која досега во смрт однесе 21 човечки живот.

Владата на Зимбабве вчера прогласи и вонредна состојба поради епидемијата на колера, објави агенцијата „Ројтерс“.

Регион

Преку 2000 нелегални мигранти задржани во Турција

Објавено пред

Најмалку 2,212 нелегални мигранти беа приведени низ Турција изминатата недела, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Околу 645 мигранти беа фатени во повеќе операции од страна на жандармеријата во Едрене, на границата со Грција и Бугарија.

Во источните провинции Ван и Ерзурум, фатени се вкупно 678 мигранти минатата недела.

Понатаму, во Чанакале, Баликесир, Ајдин, Измир и Мугла, полицијата и жандармеријата фатиле вкупно 654 мигранти кои се обидувале да преминат во Европа преку Грција.

Во јужната област Адана се фатени околу 107 нелегални мигранти, додека пак во северозападот на Турција приведени биле 114 нелегални мигранти.

Во областа Хатај, пријавени се осуммина мигранти кои нелегално влегле во Турција од Сирија.

Меѓу приведените се мигранти од Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Египет, Бангладеш, Сенегал, Центрана Африка, Алжир, Мароко, Тунис, Сомалија, Либија, Того, Камерун и Палестина.

Дел од мигранти се се задржани во болница за лекување, а голем дел се пренесени во локалните прифатилишта за мигранти.

Според Министерството за внатрешни работи минатата година во Турција биле задржани околу 268.000 нелегални мигранти.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп вели дека тврдењето на Иран дека уапсиле шпиони на ЦИА е лага

Објавено пред

Извештајот на Иран дека уапсиле шпиони на ЦИА е сосема неточен. Нема ни зрно вистина во него. Само новилаги и пропагандалиферувани од религиозниот режим кој е неуспешен и нема идеја што да прави, тврди американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, пренесува РТ.

„Нивната економија е мртва и ќе биде уште полошо. Иран е во тоттален хаос!“ додаде Трамп

Твитот на Трамп следи по изјавата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, кој претходно го отфрли сопштението дека Иран уапсил 17 шпиони кои работеле за американската ЦИА и осудил дел од нив на мсртна казна.

„Иранскиот режим има долга историја на лажење”, рече Помпео во интервју за „Фокс њуз“.

Прикажи повеќе...

Свет

Британија ќе испрати нуклеарна подморница и командоси во Заливот

Објавено пред

Британската Кралска морнарица го зајакнува своето воено присуство во Персискиот Залив со нуклеарни подморници и поморски сили, пренесува „Дејли мејл“.

Нуклеарната подморница од класата „астјут“, опремена со крстосувачки ракети и тешки торпеда, ќе има строго дефанзивна улога да ги пресретнува комуникациите меѓу иранските војници и да ги пријави во поморски штаб во Британија.

„Ние испраќаме брод – можеби веќе се движи кон регионот. Неговата улога е тајно разузнавање, собирање информации за поддршка на планираните придружувани конвои од танкери”, се вели во изјавата на Кралската морнарица.

Според британски „Сан“, морнарицата ќе испрати и маринци.

„ХМС Данкан“, разорувач за противвоздушна одбрана „тип 45“, беше испратен во Заливот претходно овој месец за да му помогне на британскиот воен брод распореден таму, фрегатата а „ХМС Монтроус тип 23“ стационирана во Бахреин.

Танкерот за снабдување 2РФА вејв“, кој моментално е стациониран во Гибралтар, ќе транзитира во регионот во август, додека фрегатата „ХМС Кент“ ќе биде распоредена таму во септември.

Морнарицата, исто така, има четири ловци на мини и брод за слетување закотвен во областа. „Имаме способност да испратиме повеќе бродови, но за нив ќе бидат потребни неколку недели, па маринците совршено се вклопуваат во краток рок”, изјави армискиот инсајдер за „Сан“.

Официјалните претставници на одбраната на Велика Британија допрва треба да ги потврдат извештаите, но тие обично остануваат неми за ваквите распоредувања. Распоредувањето доаѓа во период кога Тереза Мајодржа итен состанок за начините за одржување на безбедноста на превозот во Персискиот Залив.

Властите ги советуваа британските бродови привремено да го избегнат Ормускиот Теснец, откако иранската револуционерна гарда ИРГЦ во петокот привремено задржа два танкера. Еден од танкерите беше ослободен, додека другиот беше однесен во пристаниште во јужен Иран во очекување на истрага.

Техеран тврди дека танкерот ги игнорирал повиците за помош на ирански рибарски брод и се судрил со него. Во исто време, претставници на Техеран посочија дека нападот е одговор на заплената на иранскиот супертанкер кој, наводно, пренесува иранска нафта за Сирија, спротивно на санкциите на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Свет1 час

Помпео: Иран не уапсил агенти на ЦИА

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли тврдењата на Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени...

Македонија2 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Свет2 часа

Најавени низа оставки во британската Влада, една веќе поднесена утрово

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, утрово поднесе оставка. Се очекува вкупно 12 министри неделава да ја напуштат...

Економија3 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет6 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет6 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет6 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет7 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет7 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет7 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија18 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија19 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион21 час

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија23 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие