Свет
Задолжителен карантин за патници од високоризични земји при влез во Чешка

Патниците од ризичните земји што влегуваат во Чешка од денеска, покрај тоа што имаат тест со негативен резултат за присуство на коронавирусот, мора да поминат и најмалку пет дена во карантин пред следниот тест, соопштија чешките власти.
За земји со висок ризик се сметаат Словенија, Велика Британија, Ирска, Португалија, Шпанија, Словачка, Литванија, Летонија, Естонија и повеќето земји што не се членки на ЕУ.
Патниците од земјите со помал ризик треба да направат негативен тест за присуство на вирусот. Чешка веќе ги забрани сите туристички патувања, според АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Саркози осуден нa една година затвор со две условни казни

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден за мито и злоупотреба на службената положба. Тој ќе издржува казна затвор од една година со две условни казни.
Шеесет и шестгодишниот политичар, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, е осуден затоа што се обидел незаконски да открие информации за правни постапки преземени против него од страна на висок судија во 2014 година, пренесува АП.
На суд беше наведено дека тој ќе има право да бара издржување на казната од дома со електрична нараквица.
Саркози ќе се соочи со уште еден судски процес подоцна овој месец, заедно со 13 лица, под обвинение за незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година.
Европа
Макрон ги повика Французите да издржат уште четири до шест недели пред попуштање на мерките

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика своите сонародници денес да издржат уште четири до шест недели пред да бидат попуштени некои мерки.
Показателите укажуваат дека расте заразата во Франција, а наскоро може да се воведат нови ограничувачки мерки во областите на големите градови, за што во моментов се дискутира. За време на викендот е можна општа блокада, што веќе е во Ница и Данкирк.
Властите работат на зајакнување на кампањата за вакцинација особено за ранливите лица и негувателите со цел да се намали притисокот врз болниците.
Премиерот Жан Кастекс изјави дека до крајот на март две третини од луѓето над 75 години ќе бидат вакцинирани, а до средината на мај вакцината против Ковид-19 може да им се понуди на сите постари од 50 години.
За да може да се отворат културни институции и ресторани, францускиот претседател треба неделава да разговара со владата за воведување на санитарна пропусница, но таа нема да биде пасош за вакцинација.
Свет
Свршеницата на Кашоги бара од Америка најстрога казна за лидерот на Саудиска Арабија

Турчинката Хатиџе Ченгиз, свршеница на брутално убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, побара престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Салман да плати најстрога казна за смртта на нејзиниот партнер.
Ова се случи откако ЦИА на крајот од минатата недела ја отстрани ознаката за доверливост од документите поврзани со егзекуцијата на Кашоги, што потврди дека Салман имал директни врски со наредбата новинарот, инаку негов голем критичар, да биде замолчен.
„Ова не само што ќе ја донесе правдата што ја баравме, туку може да спречи повторување на слични дела“, наведе Хатиџе во изјавата.
Престолонаследникот Мохамед, кој е всушност владетел на кралството, негираше каква било улога во убиството, а официјален Ријад го отфрли извештајот на ЦИА како глупост и лага. И покрај тоа, американската влада денес треба да објави како ќе реагира претседателот Џо Бајден кога е во прашање можната казна за Салман. Сепак, казната не се очекува да биде пропорционална со извршеното злосторство, бидејќи добриот однос со Саудиска Арабија е клучен за САД.
Кашоги беше убиен во 2018 година при посета на саудискиот конзулат во Истанбул, кога дошол по документите потребни за да се ожени со Хатиџеа. Тој таму бил убиен и распарчен.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран