Свет
Закани за бомби во 35 трговски центри и 30 медицински установи во Русија

Речиси 30 трговски центри и 35 медицински установи во Санкт Петербург добиле анонимни закани за бомби, изјави извор од одделот за итни случаи за ТАСС.
Друг извор за ТАСС потврди дека во тек се евакуации во два трговски центра.
Заедничката служба за медиуми на судовите за правда во Санкт Петербург претходно извести за евакуација на судовите кога добила анонимни писма за закани со бомби.
Неколку судови веќе почнаа со операциите и не е потврдена ниту една закана за бомба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес во Италија го исплаши населението, оштетена е црква

Земјотресот што јa погоди областа Тоскана, северно од Фиренца, ги исплаши жителите кои излегоа на улиците среде ноќ.
Вечерта имаше повеќе земјотреси, од кои најсилниот изнесуваше 4,5 степени.
Градоначалниците на погодените градови во областа информираа дека нема повредени лица, пренесува АП.
Земјотресот ја оштети црквата Свети Силвестер во градот Барберино, а на дел од куќите можат да се забележат пукнатини, изјави гувернерот на Тоскана, Енрико Роси.
Роси рече дека обезбеден е објект каде луѓето ќе можат да престојуваат додека властите ја проценуваат штетата на нивните домови.
Најсилниот земјотрес од 4,5 степени беше регистриран во 4,37 часот по локално време.
Железничката линија помеѓу Фиренца и Болоња беше привремено прекината поради мерки на претпазливост.
Училиштата во градовите во близина на епицентарот се затворени поради претпазливост, а експертите проверуваат колку се безбедни овие објекти по земјотресот.
Геолозите потсетија дека пред 100 години истата област беше погодена од земјотрес и дека тогаш загинаа околу 100 луѓе.
Свет
Закани со бомби за болници и училишта во Санкт Петербург

Десетина болници и неколку училишта во Санкт Петербург денеска добиле закани за поставени експлозивни направи, соопштија извори од руските служби за вонредни ситуации за „ТАСС“.
Според изворот, заканите биле насочени кон 11 болници и неколку училишта.
Претходно денеска поради закани со бомби биле евакуирани и градски судови, кои сега повторно работат бидејќи не се пронајдени опасни предмети по извршениот претрес.
И пред три дена една третина од метро станиците во Санкт Петербург добија закани со бомби, но специјалните полициски единици утврдија дека станува збор за лажни дојави.
Тогаш 20 болници и 40 образовни установи добија слични предупредувања
Свет
Рестораните во Саудиска Арабија не мора веќе да имаат одделни влезови за мажи и жени

Рестораните во Саудиска Арабија повеќе нема да мора да имаат посебни влезови за жени и мажи, соопшти Министерството за локален развој и рурални работи. Според информациите од министерството, новите регулативи не се обврзувачки, што значи дека рестораните можат да задржат посебни влезови доколку сакаат сопствениците.
Не е јасно дали ќе биде укината распределбата на седиштата за мажи и жени.
Претходно, сите ресторани на Саудиска Арабија мораа да имаат посебни влезови за жени и мажи.
Според строгите регулативи во Саудиска Арабија, на мажите и жените кои не се во роднински врски, не им е дозволено да бидат заедно на јавни места, а специјалната верска полиција е одговорна за почитување на тие правила.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци