Контакт

Европа

Западните земји во ОН: Целта на Белорусија е дестабилизација на соседните земји

Објавено пред

Естонија, Франција, Ирска, Норвешка, САД и Велика Британија го иницираа прашањето за мигрантската криза за време на состанокот зад затворени врати на 15-члениот Совет за безбедност на ОН.

„ Ја осудуваме оркестрираната инструментализација на човечките суштества, чии животи и благосостојба Белорусија ги загрози за политички цели со цел да се дестабилизираат соседните земји и надворешната граница на Европската Унија и да се оттргне вниманието од сопственото растечко кршење на човековите права“, се вели во заедничкото соопштение.

Тие го опишаа пристапот на Белорусија како неприфатлив и го обвинија претседателот Александар Лукашенко дека станува закана за регионалната стабилност повикувајќи на силен меѓународен одговор за да се повика Белорусија на одговорност ветувајќи дека ќе разговараат за понатамошни мерки што може да се преземат.

Европа

Уапсен пар што побегнал од карантин од хотел во Холандија

Објавено пред

Холандската полиција соопшти дека на аеродромот во Амстердам е уапсен пар што побегнал од хотел во Амстердам, а во кој патниците што пристигнале од Јужна Африка позитивни на Ковид-19 биле ставени во карантин.

Портпаролот на полицијата изјавил дека двете лица биле уапсени во авион што се подготвувал да полета за Шпанија.

30-годишниот Шпанец и 28-годишната Португалка им се предадени на здравствените власти, додаваат полициските служби.

Против двајцата бегалци ќе биде поднесена тужба за нарушување на јавната безбедност, соопштија од таму.

Портпаролот на холандската здравствена администрација изјави дека парот е повторно во изолација, но не во истиот хотел. Едниот од нив е позитивен, а другиот негативен на новиот сој на коронавирусот, но е во карантин.

Неколку часа претходно, холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонге, рече дека холандските власти ќе се погрижат патниците да бидат ставени во карантин.

Патниците позитивни на тестот на Ковид-19 се речиси сите во ист хотел, а властите дозволија само мал број да бидат ставени во карантин во своите домови.

Полицијата го обезбедува хотелот во кој се изолирани патниците.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган понуди да посредува меѓу Русија и Украина: Сакаме мир во регионот на Црното Море

Објавено пред

Турција е подготвена да посредува во разговорите меѓу Русија и Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Се надеваме дека овој регион нема да стане регион во кој доминира војна. Нека влезе во иднината како регион во кој доминира мирот“, посочи Ердоган.

„Сакаме ставот за ова прашање да се развива во позитивна насока. Можеме да посредуваме за тоа, ќе разговараме за ова прашање со нив, би сакале да учествуваме во решавањето на проблемот преку развивање дијалог и со Украина и со господинот Путин“, додаде тој по враќањето од Туркменистан.

Ердоган, според извештаите на медиумите, изјавил дека Турција сака мир во областа на Црното Море потсетувајќи дека на таа тема често разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Разорен ветер во Турција, има повредени и загинати

Објавено пред

Катастрофално невреме попладнето го погоди Истанбул и други делови на Турција, при што загинаа четири лица. Повредени се 19 лица, пренесуваат тамошните медиуми.

Според написите, невремето предизвикало голема материјална штета во градот со 15 милиони жители.

Според турските медиуми, една жена загинала во квартот Есенјурт во Истанбул, каде што силните налети на ветерот откорнале дел од покривот, кој паднал врз неа и врз нејзиното дете.

Детето преживеало, но добило тешки повреди.

Босфорот, според последните информации, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.

Најмалку шест лета на авиони, кои требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон градовите Анкара и Измир, изјави портпаролот на една авиокомпанија.

Силните ветрови исто така ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија6 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија6 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија10 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија11 час

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија11 час

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа12 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија13 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа14 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет15 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија3 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија3 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Досие