Контакт

Свет

Запленети 55 тони дрога во голема операција во 93 земји

Објавено пред

Во координирани полициски акции во 93 земји запленети се повеќе од 55 тони дрога, а 1 300 луѓе се уапсени, објави Интерпол.

Запленети се кокаин, хероин и повеќе милиони таблети од синтетички дроги.

На еден брод, кој требало да исплови од Брегот на Слоновата Коска, пронајден бил кокаин, во куќа во Холандија лабораторија за производство на екстази, додека, пак, на Блискиот Исток поголема количина каптагон таблети, кои често се користат во тој регион.

Интерпол, чие седиште е во Лион, наведе дека операцијата наречена „Лајонфиш“ била спроведена од 17 септември до 8 октомври, пренесува „Ројтерс“.

Во Југоисточна Азија, во рамки на акцијата, биле запленети 18 милиони таблети синтетичка дрога јаба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Невреме во Црна Гора, затворен автопатот Тиват-Будва

Објавено пред

Силно невреме попладнево ја погоди Подгорица, а дождовите проследени со ветер ги поплавија улиците и го забавија сообраќајот, пренесуваат медиумите во земјата.

Патот Тиват-Будва е затворен поради невремето за сите видови возила.

Службата за заштита соопшти дека досега не добила повици за помош.

Силното невреме го погоди и приморјето, поради што поплавени се неколку улици, згради и училишта во Херцег Нови, Котор и Тиват.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон повика на дијалог поради протестите за цените на горивата

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на дијалог по повод протестите што избија ширум земјата како резултат на растот на цените на горивата.

Ова е прв коментар на Макрон по протестите во кои во саботата повеќе од 250.000 лица ги блокираа патиштата во Франција.

Тој рече дека е нормално луѓето да изразуваат незадоволство и дека се обидува да влијае врз навиките на Французите, за да ги одврати од употребата на фосилни горива.  Макрон вети субвенции за домаќинствата со ниски приходи кои ќе се одлучат за автомобил што помалку загадува.

Тој не го коментираше насилството на протестите во кои едно лице загина, а ститици завршија со повреди.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Самоубиствен напад во Кабул, 50 лица загинаа, над 70 се повредени

Објавено пред

Најмалку 50 лица загинаа при напад на бомбаш самоубиец во Кабул, соопштија владини претставници во Авганистан.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш, изјави дека повеќе од 70 лица се повредени во нападот, пренесе „Ројтерс“.

„Бомбашот самоубиец детонираше експлозив во сала во која биле собрани исламски верски ученици за да го одбележат раѓањето на пророкот Мухамед“, изјави Даниш.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized1 час

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 час

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски3 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија3 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски3 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија6 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет6 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија7 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“7 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски8 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски8 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа9 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија9 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија10 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија21 час

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет22 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија24 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија1 ден

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија1 ден

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион1 ден

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Досие