Контакт

Свет

Затвореник во САД егзекутиран на електричен стол

Објавено пред

Американски осуденик на смрт, кој се изјаснил дека сака да умре на електричен стол, е егзекутиран доцна синоќа во американската сојузна држава Тенеси.

Смртта на Стивен Вест е прогласена во 19:27 часот, по локално време, во затворот во Нешвил, соопштија локалните власти.

Вест бил осуден на смрт поради двојно убиство пред повеќе од 30 години.

Медиумите пренесуваат дека побарал електричен стол во надеж дека така малку ќе го одложи извршувањето на казната, што се случувало претходно во вакви случаи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вооружан маж упаднал во ресторан во Црна Гора и предизвикал паника кај гостите

Објавено пред

Барската полиција трага по вооружан маж, кој синоќа упаднал во ресторанот „Савоја“ и со маска на лицето и пиштол во раката го пребарувал локалот.

Полицијата го блокира Бар во целост.

Црногорските медиуми пренесуваат дека маскираниот маж предизвикал палника и страв кај присутните во објектот. Тој забрзано го заобиколил ресторанот загледувајќи се во гостите на секоја од масите и оставајќи впечаток дека бара некој. По неколку минути истрчал од ресторанот и се упатил во непознат правец.

Во инцидентот нема повредени.

Од барската полиција потврдија дека проверуваат што се случило во ресторанот.

Во истиот угостителски објект, пред пет години беше убиен неговиот некогашен сопственик, Баранин Армин Османагиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

Објавено пред

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Тој ја предупреди Атина да не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку дојде до тоа, пренесе „Ројтерс“.

„Јасно дадовме до знаење дека кој ѝ да го допре бродот, кој и да му допушти да се закотви, ризикува САД да воведат санкции“, изјави Помпео.

Тој порача дека САД ќе направат сѐ што е можно за да спречат танкерот да исплови во Сирија.

Грција соопшти дека не добила никакво барање од пловилото да застане на едно од нејзините пристаништа.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина, Јапонија и Јужна Кореја на разговори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на Кина, Јапонија и Јужна Кореја се состанаа во Пекинг за да разговараат за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Кинескиот министер, Ванг Ји изјави за време на состанокот дека официјален Пекинг ќе работи со двете земји со цел одржување на слободната трговија и стабилноста во регионот, пренесе „АП“.

Односите помеѓу Јапонија и Јужна Кореја се влошени откако Токио ја засили контролата на извозот на клучните материјали за производство на полупроводници.

Кина и Јужна Кореја неодамна почнаа да ги поправаат односите по тешките санкции што Пекинг ги воведе поради одлуката на Сеул да го одобри поставувањето на американските системи за ракетна одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Hitech11 час

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија18 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија20 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија21 час

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија22 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија22 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет23 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет23 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет23 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет23 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија1 ден

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион1 ден

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет2 дена

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион2 дена

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа2 дена

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ2 дена

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ2 дена

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија2 дена

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија2 дена

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Досие