Контакт

Свет

Затворени избирачките места во Хонгконг, рекорден број излезени

Објавено пред

Затворени се избирачките места во Хонгконг, а според првичните податоци, на локалните избори во автономната кинеска област излегле рекорден број гласачи.

Како што соопштија властите, гласале над 2,7 милиони, што е околу две третини од регистрираните избирачи.

Првичните резултати се очекуваат по полноќ, по локално време, јави „Ројтерс“.

Изборите поминаа мирно, без поголеми неправилности.

Недамнешните анкети покажаа пораст на поддршката на продемократските сили.

Гласачите избираа помеѓу 1.104 кандидати за 452 места во локалната самоуправа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Расте бројот на заболени со коронавирус во Србија

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 579 нови случаи на коронавирус од 10.360 тестирани примероци. Починаа три лица, а во болница се лекуваат 574 пациенти, од кои 10 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Србија се направени 4.718.892 тестови, регистрирани се 724.097 случаи, а 7.132 починаа.

Директорката на болницата во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, коментирајќи го четвртиот бран на епидемијата, за Телевизија Прва изјави дека ситуацијата се влошила.

„Ситуацијата почнува да се вжештува. Имавме стабилна состојба до две недели, а за само осум дена имаме 94 пациенти, бројот е двојно зголемен”, рече Аџиќ Вукичевиќ.

Членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, истакна дека во септември ќе има значителен епидемиолошки пресек.

„Септември е месец на создавање колективи, не само во училиштата, туку и на работа. Одеднаш, сите се собираат по одморот. Тоа е момент, пресек од епидемиолошко значење, бидејќи тогаш започнуваат и акутни респираторни инфекции“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Повеќе од 5.000 новозаразени од коронавирус во Токио

Објавено пред

Домаќинот на Олимписките игри, Токио, потврди повеќе од 5.000 новозаразени од коронавирус поради брзото ширење на делта-сојот, па експертите стравуваат дека здравствениот систем набргу би можел да биде преоптоварен.

Новозаразените, од нив 5.042 се нов рекорд за тој град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразени може да се удвои во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно болни лица.

„Делта-сојот е многу силен непријател“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике. Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома.

Во Токио е прогласена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Затоа рестораните и баровите мора да бидат затворени порано и не смее да служат алкохол. Организаторите на Олимписките игри регистрираа 31 новозаразено лице, кои се поврзани со Игрите, најмногу досега.

Прикажи повеќе...

Европа

Полициски час и забрана на музика на грчките острови Закинтос и Крит

Објавено пред

Грција денеска воведе полициски час и забрани музика на два популарни туристички острова со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, изјави грчкиот заменик-министер за цивилна заштита.

Најновите мерки се однесуваат на островот Закинтос во Јонското Море, каде што бројот на заразени лица се зголеми за 69 проценти во споредба со претходната недела, и за Ханија, град на западен Крит, каде што бројот на новозаразени лица се зголеми за 54 проценти.

Ограничувањата вклучуваат ноќен полициски час и целосна 24-часовна забрана за музика на сите забавни места.

Мерките ќе стапат во сила утре и ќе траат до 13 август по препорака на комитетот на експерти за заразни болести, кој ја советуваше грчката влада, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на...

Македонија6 часа

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното...

Македонија7 часа

Приведено едно лице за предизвикување пожар во Ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен. Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева...

Македонија9 часа

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија11 час

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија11 час

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија13 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија16 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ16 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ16 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа17 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија17 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија18 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија1 ден

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија2 дена

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ2 дена

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион2 дена

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Досие