Контакт

Свет

Затореник од САД побегнал од затвор, полицијата го фатила, па повторно им избегал со нивно возило

Објавено пред

Американската полиција трага по 30-годишниот затвореник Тревис Ли Дејвис, кој е во бегство. Тој, наводно, киднапирал жена и украл полициски автомобил, објави каналот „Еј-би-си њуз“.

Дејвис во саботата вечерта побегнал од затвор во Мисури.

Полицијата во средата го пронашла и уапсила на паркинг во Оклахома на речиси 560 километри од затворот од кој успеал да избега кога една жена пријавила дека е киднапирана.

Додека полицијата разговарала со жртвата на Дејвис, тој седел на задното седиште од полициски автомобил со врзани раце. Сепак, успеал да се префрли на возачкото седиште и да избега со службеното возило.

Дејвис возел околу 3 километри, потоа се забил во дрво и пеш го продолжил бегството.

Полицијата соопшти дека можеби скокнал во возот што минувал во близина.

Иако полицајците темелно ја пребарале областа, не пронашле јасни показатели каде би можел да се наоѓа Дејвис.

„Можно е тој да побегнал со товарниот воз. Сепак, луѓето во оваа област треба да ги заклучуваат врататите и да бидат внимателни со непознати“, се вели во соопштението на полицијата.

Во него се апелира до возачите да не им застануваат на автостопери и да ги пријават во канцеларијата на шерифот.

Дејвис, кој се смета за многу опасен, е обвинет за киднапирање и семејно насилство. Исто така, се товари за отпор при апсење и кршење на условната казна.

Свет

Пентагон одобри милијарда долари за ѕид на границата со Мексико

Објавено пред

Пентагон го одобри трансферот на една милијарда долари за воените инженери кои ќе го градат дел од ѕидот на границата на Соединетите Американски Држави (САД) и Мексико, најави министерот за одбрана, Патрик Шанахан.

Тој ги овласти инженери да се започнат со планирање и извршување на проектот за изградба на 98 километри долгата ограда на границата со Мексико, за поправка на сообраќајниците и за осветлување во областите Јума и Ел Пасо.

Како што јави Ал Џезира Балканс, во објаснувањето се наведува терминот ,,ограда”, а не ,,ѕид”, како што досега најавуваше претседателот Доналд Трамп.

Изградба на ѕид на границата меѓу двете земји е едно од најважните ветувања на Трамп во предизборната кампања, додека демократите се противат на таа идеја.

По неколкунеделна битка на оваа тема, републиканците и демократите се согласија на компромисно решение, со коешто на Трамп му беше овозможено да најде 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот. Конгресот се обиде да го блокира прогласувањето вонредна состојба, но Трамп одговори со вето, за првпат за време на неговиот мандат.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија размислува да забрани увоз на возила постари од 10 години

Објавено пред

Министерот за заштита на животната средина во Србија, Горан Триван, рече дека во земјата се размислува за можноста за забрана на увоз на возила постари од 10 години, истакнувајќи дека Србија станува ,,гробница” за возила од Европа и дека е време да се поведе сметка за секој сегмент од загадувањето.

,,Последниве години стануваме гробишта на возила од Европа и не постои причина сами да се согласиме на тој вид загадување, без оглед на интересите. Не постои причина за увоз на возила постари од 10 години”, рече министерот и потсети дека во Србија минатата година се увезени околу 180.000 половни возила.

Министерот рече дека за шест месеци или една година возила со ,,еуро 4″ мотори ќе чинат како оние сега со ,,еуро 3″, додавајќи дека тој не се согласува со коментарите дека луѓето нема да имаат пари.

Тој рече дека и со премиерката Ана Брнабиќ разговарал за воведување субвенции за електрични возила и дека ќе даде сè од себе од идната година да ги има.

Прикажи повеќе...

Регион

Месиќ размислува повторно да се кандидира за претседател на Хрватска

Објавено пред

Поранешниот претседател Стјепан Месиќ денеска најави дека размислува повторно да се кандидира за претседател на Хрватска. Тој рече дека уште не донел одлука, но дека го посетуваат многу групи, поединци, луѓе кои претставуваат авторитет во земјата.

,,Во моментов поблиску сум до одлуката дека не сакам, отколку што сакам, но се уште размислувам”, изјави Месиќ, кој упати критики до актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Пентагон одобри милијарда долари за ѕид на границата со Мексико

Пентагон го одобри трансферот на една милијарда долари за воените инженери кои ќе го градат дел од ѕидот на границата...

Македонија4 часа

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ6 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија6 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија7 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија7 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија8 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија10 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ11 час

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ11 час

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија12 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија14 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија1 ден

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет1 ден

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Досие