Контакт

Свет

Захарова за ЕУ: Слобода на говор само на хартија

Објавено пред

Во изминатите четири години Мисијата на ЕУ во Москва одбива да ни обезбеди список со барања за акредитација на руските новинари кои планираат да работат во ЕУ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува ТАСС.

Според Захарова, постојат држави кои ја ставаат слободата на медиумите на прво место, а има и такви држави кои ја покажуваат својата посветеност на слободата на говорот само на хартија.

„Еве еден едноставен пример. Во изминатите четири години не добивме јасен список на барања за акредитирање и давање визи за руските новинари кои сакаат да работат во Европа, од мисијата на ЕУ во Москва”, прецизираше таа.

„Тие секој пат велат дека секоја земја има свои правила за акредитација, но кога ќе се обидеме да дознаеме за овие конкретни упатства од земја која е дел од ЕУ, оттаму исто така го одбиваат нашето барање. Во меѓувреме, кога руските новинари ја преминуваат границата за да ги покриваат настаните, им велат дека прекршиле некои правила за акредитација“, објасни Захарова.

Таа истакна дека законот на Русија наведува апсолутно јасни критериуми за издавање визи за странски новинари.

„Овие критериуми се непроменети во изминатите неколку децении. Значи, ние сме посветени на она што го изјавуваме, имено да помагаме во новинарската активност, но не само со зборови туку со дела“, истакна таа.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Пекинг откажани големите новогодишни собири поради вирусот

Објавено пред

Кинескиот главен град Пекинг ги откажа големите јавни настани, вклучувајќи ги двата познати новогодишни саеми, додека властите се обидуваат да го сузбијат ширењето на смртоносниот корона вирус, објавија држаните медиуми.

Истовремено, Кинеската државна железничка група соопшти дека патниците ќе можат да добиваат целосен поврат на средствата за купување на билети ширум земјата почнувајќи од петок, наведе „Ројтерс“.

 

Претходно беше објавено дека властите од кинескиот град Вухан ги стопирале сите градски транспортни мрежи и летови кон и од градот поради смтоносниот вирус.

Прикажи повеќе...

Регион

Германската полиција шокирана од состојбата на српски автобус кој стигнал до Берлин

Објавено пред

Германската полиција објави дека запрела автобус што одел кон Србија, и останала во шок поради состојбата на возилото кое го исклучиле од сообраќај.

Зарѓана каросерија, неисправни сопирачки и управувачки систем – автобусот бил подготвен за отпад, јавуваат германските медиуми.

Возилото било запрено на централната автобуска станица во Берлин.

Медиумите исто така објавиле дека автобусот патувал 1,3 милиони километри и дека дупките во возилото биле пополнети со градежна пена.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Активист на Сандерс: Во Америка ни треба гулаг и гилотина за богатите

Објавено пред

Припадник на предизборниот штаб на американскиот кандидат за претседател, Берни Сандерс, снимен е како признава дека сака вооружена револуција, по која богатите би ги пратил на гилотина, а републиканците во логори за едукација и превоспитување, пишува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на американските медиуми.

Мартин Вајсгербер, кој наводно е платен теренски организатор за кампањата на Сандерс во Јужна Каролина, бил тајно снимен во разговор со десничарски активист кој очигледно лажно му се претставил како левичар и симпатизер на Сандерс.

Откако ја стекнал неговата доверба, активистот на „Проект Веритас“, на средба во ресторан, извлекол од Вајсгербер прилично неверојатни признанија за некој што работи во изборен штаб на еден од водечките кандидати за претседател на САД.

„Отсекогаш сум кажувал, знаете, јас сум комунист“, рекол отворено Вајсгербер, дистанцирајќи се на овој начин од Сандерс кој се декларира како демократски социјалист, пренесува „Индекс.хр“.

„Подготвен сум да фрлам тули и да се борам“, додал тој, алудирајќи на добро познатата тактика за вадење камења од плочниците и нивно фрлање кон полицијата во насилните протести низ целиот свет.

Воедно објаснил дека е во контакт со радикални левичарски групи од целата земја за да организираат масовни протести како оние на Жолтите елеци во Франција (иако француските жолти елеци идеолошки се разликуваат од левицата), доколку Сандерс изгуби и Доналд Трамп добие уште еден мандат.

„Едноставно ќе земам оружје во рака. Сакам да научам како да пукам и би одел на обука. Јас сум подготвен. Подготвен сум за е***а револуција, братко“, истакнал активистот на Сандерс.

„Богатите на гилотина“, кажал тој во дел од разговорот, а потоа застанал во одбрана на Советскиот Сојуз и неговиот злогласен гулаг, систем на работни логори во кои меѓу 1930 и 1953 година биле затворени околу 18 милиони луѓе, од кои меѓу 1,5 и 1,7 милиони умреле поради нехумани услови и тешка принудна работа.

„Гулагот е основан како систем за превоспитување… Дали си слушнал за Беломорскиот канал? Луѓе доаѓале од Америка да работат на каналот, за советски проект, за комунистички проект. Тоа е прекрасна работа”, го изразил своето восхитување овој млад американски комунист.

Станува збор за проект за изградба на канал во чест на Сталин во кој според историските податоци умреле меѓу 12 и 25 илјади принудни работници од гулагот.

Вајсгербер додал и дека во САД денеска има повеќе затвореници отколку во Русија во најжестоките времиња на гулагот и дека Советскот Сојуз своевремено бил најпрогресивно место за женските права.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ51 минута

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет2 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија4 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет4 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија4 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион4 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет5 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија17 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија22 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија22 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ22 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија23 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија24 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија1 ден

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет1 ден

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет1 ден

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Досие