Контакт

Свет

Захарова: Контејнери со хлор од Германија и димни гранати од Салсбери најдени во источна Гута

Објавено пред

Контејнери со хлор од Германија и димни гранати произведени во Сaлсбери, Велика Британија, сe пронајдени на ослободените територии во источна Гута, соопшти портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Во ослободените области на источна Гута сириските владини трупи најдоа контејнери со хлор, најстрашното хемиско оружје од Германија, а исто така и димни гранати произведени во градот Салсбери во Велика Британија, ве молам, обратете внимание на ова“, изјави Захарова на прес-конференција во Москва.

Наодите ја поткопуваат довербата во хуманоста на раководството на некои држави, кои даваат такви наредби и донесуваат такви одлуки, додаде Захарова.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Анкара се гради најголемиот забавен парк во Европа, опозицијата обвинува дека е опасен за живот

Објавено пред

„Анкапарк“ − гигантскиот забавен парк кој напролет ќе биде отворен во главниот град на Турција стана тема на критиките на опозицијата упатени кон власта, пред пролетните локални избори кои ќе се одржат на 31 март годинава во Турција.

Џем Узан, генералниот директор на градското претпријатие што управува со, како што го нарекува најголемиот тематски парк во Европа, во изјавата за агенцијата „Анадолу“ изрази надеж дека нема да се доцни со отворање на објектот кој поседува вкупно 2 илјади и 117 „играчки“ (рекреативно-забавни елементи) за разлика од европските во кои нивниот број изнесува најмногу 90. Според Узан, деновиве се работи на отстранување на некои недостатоци во инфраструктурата и елементите за забава и дека наскоро ќе започнат последните тестови на гигантските забавни „играчки“ од страна на меѓународната стручна фирма „ТУВ“ со седиште во Германија.

Токму овие изјави на Узан повторно ги предизвикаа реакциите на опозицијата. Пратеничката на најголемата опозициска партија во земјата ЏХП (Републиканската Народна Партија на Кемал Киличдаролу) од Анкара, Гамзе Ташчиер, поднесе интерпелација во парламентот за „Анкапарк“ тврдејќи дека одредена фирма од Кина утврдила ризици по животот на посетителите на паркот и истакна дека Анкарците во еден незавршен објект во име на политички шоу ќе бидат користени како заморчиња само тој да биде отворен пред локалните избори. Таа побара од министерот за Екологија и урбанизам, Мурат Курум, меѓу другото, да одговори и на нејзиното прашање дали е точно дека откако паркот и покрај сите ризици ќе биде отворен пред локалните избори на 31 март годинава потоа, повторно ќе се оди на поправања на недостатоците. Ташчиер подвлече дека изградувајќи го паркот на плацот на Шумарската фарма, подарок на Ататурк на Анкарците, и трошејќи милијарди лири на жителите на престолнината, освен што е причинета материјална и нематеријална штета сега на тоа се додава и животна опасност најмногу за децата и сето тоа во име на политичко шоу на владеачката АКП (Партијата на правдата и просперитетот на Реџеп Тајип Ердоан).

На овие напади на пратеничката од опозицијата преку својот профил на „твитер“ се огласи поранешниот градоначалник на Анкара, Мелих Ѓокчек, кој во 2013 го постави камен-темелникот на „Анкапарк“, напаѓајќи ја опозицијата дека почнала да паничи притоа порачувајќи ѝ на пратеничката Ташчиер дека „ќе пукне од инает кога ќе дојде да го посети паркот“. Ѓокчек порано имаше соопштено дека изградбата на забавно-рекреативниот парк чинела околу 450 милиони долари кои биле средства на граѓаните.

Минатата година, Мухарем Инџе, претседателскиот кандидат на опозициската Републиканската народна партија (ЏХП) на претседателските избори од 24 јуни 2018, ја критикуваше оваа инвестиција напаѓајќи ја владата дека практиката на ограбување на јавните извори од страна на лошата власт ги зафатила и нејзините општини. „Зад денешните економски проблеми стојат ваквите лоши потези поради кои расте инфлацијата и девизниот курс, а паѓа националниот приход и се осиромашува народот“, објави тогаш Инџе на својот „твитер“ профил.

На нападите на опозицијата дека со брзање објектот да се стави во употреба се ставаат во опасност и животите на граѓаните, генералниот директор на „Анкапарк“ Џем Узан одговара дека 90 отсто од гигантските забавни елементи се купени од европски фирми, а само 10 отсто од елементите како панорамското тркало и рингишпилот се со потекло од Турција и Кина, додавајќи дека контролата на објектите со сите потребни сертификати ја изведува меѓународната стручна фирма „ТУВ“.

„Анкапарк“, кој е во сопственост на анкарската општина, се простира на површина од 1 милион 400 илјади метри квадратни, а со покриениот простор од 130 илјади метри квадратни ќе биде активен 12 месеци во годината. Тендерот за „Анкапарк“ го добија 3 турски и една кинеска фирма со право да го водат изнајмениот објект во наредните 29 години. Поради ова, се очекува кинескиот партнер во новата туристичка атракција на Анкара да привлече околу 500 илјади кинески туристи, но исто така се цели и кон привлекување на голем број туристи од Блискиот Исток и Русија што ќе биде додатен импулс за туризмот во турската престолнина со што, според Узан, ќе се придонесе за зголемување на благосостојбата на нејзините жители.

Освен забавниот дел, комплексот има и 100 продавници, посебни простории за роденденски и други забави и јапонски, кинески и италијански ресторани, но основна тема врз која е работено е османлиската, во склоп на која ќе бидат опфатени речиси сите специјалитети од турската кујна. Влезницата во паркот ќе изнесува 25 турски лири или околу 4 евра.

Асуде А. Кочан

Прикажи повеќе...

Регион

Снешко Белчо блокира пруга во Србија, реагираше и полицијата

Објавено пред

Возот што сообраќа на релацијата Ниш – Прокупле  речиси дваесет минути  стоеше вчера во близина на рампата и железничката станица во населбата Гариќ поради Снешко Белчо, кој бил направен на шините!

Полицијата, исто така, беше информирана и излезе на терен, но сторителите не беа пронајдени.

До оваа ситуација дојде на улицата Браќа Стојановиќ кога возот требаше да влезе во станицата во Прокупле.

Машиновозачот оддалеку забележал дека има нешто на шините, па го запрел возот.

Снешко го направија деца, веројатно и не размислувајќи за она што ќе следува.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Путин пристигна во Белград

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во официјална посета на Србија, информира агенцијата „Танјуг“ и додава дека на аеродромот, каде што неговиот авион слетал во 13 часот и 5 минути, тој бил пречекан од српскиот претседател, Александар Вучиќ.

На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се одржа церемонија на пречек за рускиот претседател, со црвен тепих и постројување на гардата на српската војска.

Aмериканската агенција „Блумберг“ пишува дека Вучиќ ќе настојува средбата да ја искористи за да обезбеди поддршка од Москва за постигнување договор за Косово.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија1 час

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија која го смени полот

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур денеска за прв пат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и...

Македонија3 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија3 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет3 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет3 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести4 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет5 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет6 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет6 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион16 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа17 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија18 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија21 час

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија21 час

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија22 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија23 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија23 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија23 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија24 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Досие