Контакт

Вести

Захарова: Не планираме да ги евакуираме нашите граѓани од Венецуела

Објавено пред

Русија не планира да ги евакуира своите дипломати и граѓани од Венецуела, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Нема планови да се евакуираат руските дипломати, ниту членовите на нивните семејства ниту, пак, други руски државјани вклучувајќи ги и вработените во руските компании и мисии – можам да го потврдам тоа“, рече Захарова.

Нејзината изјава следува кога во изминатите неколку дена протестите во Венецуела станаа доста тензични. На 21 јануари во земјата почнаа масовните протести против претседателот на државата, Николас Мадуро. Претседателот на венецуелскиот парламент, опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, на 23 јануари себе си се прогласи за привремен шеф на државата. Самопрогласувањето на Гуаидо за привремен претседател први го поддржаа САД.

Во насилствата во земјата досега загинаа најмалку 40 луѓе. Од нив, 26 луѓе се убиени од провладините сили, петмина загинале во рации на домови, а 11 за време на кражби, изјави портпаролот на ОН за човекови права, Руперт Колвил.

Во јануари во земјата биле уапсени 23.696 луѓе, што е најголем број уапсени во Венецуела во последните 20 години. Колвил рекол дека само во еден ден биле уапсени 696 лица.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

ЕК: Турција не соопшти дека ќе ја смени политиката за мигрантите

Европската комисија соопшти дека Турција официјално не ја најавила промената на својата политика кон мигрантите и додава дека очекува Анкара...

Свет5 часа

СЗО го крена нивото на опасност на многу високо и предупреди дека најголем непријател се стравот и шпекулациите

Светската здравствена организација (СЗО) го крена нивото на опасност и ширењето на коронавирусот на глобално ниво на многу високо, но...

Култура6 часа

МНТ и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите

Македонскиот народен театар и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите до 6 март по препораката на Владата да се откажат сите...

Македонија7 часа

Се откажува карневалот „Прочка“ во Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на прес-конференција ја информира јавноста дека, почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство и...

Македонија7 часа

(Видео) Патникот кој на 22 февруари се вратил од Италија нема коронавирус

По извршените анализи, утврдено е дека патникот, кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари и пријавил дека...

Македонија8 часа

(Видео) Гаши: Нашата битка не е со СДСМ и Беса, туку ДУИ да замине во опозиција

За лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, коалицијата СДСМ-Беса не е пречка на патот кон освојување на албанскиот електорат. Како што...

Македонија8 часа

Јовановски нуди гаранција од 142 илјади евра за да излезе од притвор

Првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 нуди имот во вредност од 142 илјади евра за да биде...

Македонија9 часа

Владата препорача откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, спортските натпревари да се играат без публика

Во насока на натамошна превенција од коронавирусот, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот...

Македонија11 час

Обвинителството отвори предмет за паднатата фасада на зградата на МЕПСО

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО,...

Свет12 часа

Саемот за автомобили во Женева се откажува првпат во 79 години поради коронавирусот

Првпат во 79 години, поради коронавирусот, откажан е саемот за автомобили во Женева, објавија швајцарските медиуми. Голем број други јавни...

Регион14 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ14 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија14 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет15 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет15 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет16 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа1 ден

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа1 ден

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион1 ден

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа1 ден

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Досие