Свет
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека руската делегација пристигнала во Истанбул, каде што се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, објавија руските медиуми.
„Како што беше кажано во неколку наврати, руската страна е подготвена за сериозни преговори, а делегацијата на Русија пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа“, изјави таа на прес-конференција во Москва, објави агенцијата „Интефакс“.
Захарова потсети дека на 11 мај рускиот претседател Владимир Путин презентира иницијатива за продолжување на директните преговори меѓу двете страни предлагајќи преговорите да почнат без одложување или предуслови, со цел да се отстранат суштинските причини за конфликтот и да се оди кон воспоставување долгорочен, траен мир, пренесува „Танјуг“.
Руската делегација ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински, кој веќе предводеше група руски преговарачи во Истанбул во пролетта 2022 година кога беа прекинати директните преговори меѓу двете страни, потсети „Интерфакс“.
Во меѓувреме, украински функционер изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски денес треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по што ќе донесе одлука за учество во разговорите со руската делегација во Истанбул, објави „Ројтерс“.
За денес во Истанбул се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина за прекин на огнот за кои не е прецизирано кога ќе почнат, а кои беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.