Контакт

Свет

Захарова: САД во Боливија го повторуваат сценарио од украински „Мајдан“

Објавено пред

Политичката ситуација во Боливија, по заминувањето од власт на претседателот Ево Моралес, личи на украински „Мајдан“ од 2004 година, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пренесува „Спутник“.

Таа потсети дека од претседателските избори во Боливија помина повеќе од еден месец.

„Меѓутоа, Организацијата на американските држави сè уште нема конечен заклучок за резултатите од ревизијата на изборниот процес. Значи, одлуката за отстранување на претседателскиот кандидат е усвоена, но никој не знае врз основа на што“, напиша Захарова на „Фејсбук“.

Според податоците од латиноамериканскиот Стратешки центар, извештајот за изборниот процес на шефот на Организацијата на американските држави, Луис Алмагро, не содржи ниеден доказ кој би потврдил неправилности во текот на претседателските избори во Боливија.

„Се покажа дека е тоа обичен латиноамерикански ‘Мајдан’ како оној во Украина од 2004 година кога Западот не ги призна резултатите од гласањето во вториот круг на претседателските избори. Разликата е во тоа што Виктор Јанукович, кој победи на изборите, не ја напушти Украина, туку ги прифати условите на игра во форма на трет круг за време на кој Западот го наметна неговиот ривал Виктор Јушченко“, напиша Захарова.

Таа исто така забележа дека веќе во првите денови на новата функција вршителката на должност претседател на Боливија, Жанин Ањез, најави намера да воспостави дипломатски односи со САД и да испрати амбасадор во Вашингтон.

„Сето тоа се случува надвор од овластувањата на преодната влада и паралелно со протерувањето на целиот дипломатски персонал од Амбасадата на Венецуела, прогласувањето на венецуелсиот опозиционер Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела, повикувањето на неговите диплмати во Ла Паз, повлекувањето од Боливарскиот сојуз на народите на „Наша Америка“ и почетокот на постапката за повлекување од Сојузот на јужноамериканските нации“, вели Захарова.

Таа истакна дека Моралес ги предвидел сите овие настани кога уште пред 10 години го прогласи амбасадорот на САД, Филип Голдберг, за персона нон грата и притоа го обвини за заговор против неговата администрација. Меѓутоа, тоа не ја спаси Боливија од мешањето на Вашингтон и реализацијата на разработеното сценарио.

Регион

Во Србија 30 новозаразени со Ковид-19, двајца починати

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Србија се потврдени 30 нови случаи на коронавирус. Две лица починаа од последици на Ковид-19.

Тестирани се 5.275 лица.

На апарати за дишење се приклучени 23 пациенти.

Прикажи повеќе...

Свет

Гејтс кажа што мисли за тврдењето дека Маск е „новиот Стив Џобс“

Објавено пред

Бил Гејтс неодамна бил гостин на телевизијата „Блумберг“ каде што го прашале што мисли за тоа што Илон Маск го нарекуваат „новиот Стив Џобс“.

„Ако ги познавате лично, чудно e да се постават работите толку едноставно. Илон е повеќе практичен инженер, додека Стив беше гениј кога станува збор за човечки ресурси, маркетинг-дизајн“, рекол Гејтс.

Тој додал дека многу го почитува Илон Маск и неговата компанија „Тесла“, но и дека борбата против климатските промени е многу покомплицирана од производството на електрични возила.

Кога новинарите го прашале дали се преценети акциите на „Тесла“, Гејтс не сакал да коментира, но рекол дека тоа е повеќе тема за луѓето од берзата и дека нема апсолутно никаква врска со климатските промени.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Хондурас ќе ја премести амбасадата во Ерусалим до крајот на 2020 година

Објавено пред

Претседателот на Хондурас, Хуан Хернандез, изјави дека земјата се надева оти ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим до крајот на оваа година, пренесува „Анадолија“.

Хернандез изјави на Твитер дека телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „за да го зајакнеме нашиот стратешки сојуз и да се согласиме да ги отвориме амбасадите во Тегусигалпа и во Ерусалим“.

„Се надеваме дека ќе го направиме овој историски чекор пред крајот на годината сè додека тоа го дозволува пандемијата“, додаде тој, истовремено честитајќи му на Нетанјаху за потпишувањето на договорите за нормализација на Израел со Обединетите Арапски Емирати и со Бахреин на почетокот на овој месец.

Како одговор, Нетанјаху изрази благодарност за солидната поддршка од Хондурас за Израел.

Во моментов има две странски амбасади во Ерусалим: оние на САД и на Гватемала. Неколку земји ветија дека ќе ги пренесат своите амбасади во Ерусалим, вклучувајќи ги Бразил, Унгарија, Молдавија, Романија и, од неодамна, Србија и Косово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10 честичките не работат, велат од Министрството за здрава...

Македонија1 час

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија2 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија3 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа5 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија5 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија5 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет7 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија7 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет20 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија22 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Досие