Контакт

Европа

За инцидентот пред британскиот Парламент покренато обвинение за обид за убиство

Објавено пред

Против Салих Катера, возачот кој во вторникот со својот автомобил влета во група граѓани а потоа и во безбедносната ограда пред британскиот Парламент во Лондон, е покренато обвинение за обид за убиство, соопшти полицијата во Лондон.

Во инцидентот кој се случи во раните утрински часови во вторникот беа повредени неколку лица.

Како што соопшти тогаш полицијата, лицето кое со својот автомобил влета во безбедносната ограда пред британскиот Парламент и повреди неколку пешаци, беше веднаш уапсено но не сакаше да соработува со британската полиција.

Европа

Германската разузнавачка служба ќе ја зајакне контролата врз екстремната десница

Објавено пред

Германската разузнавачка служба ќе ја зајакне контролата врз екстремно десничарската политичка партија Алтернатива за Германија (АФД), јавува Би-би-си.

Притоа нема да ги прислушува телефонските разговори на партијата или да праќа шпиони во АФД.

АФД е главната опозициска партија. Таа влезе во парламентот во 2017 година, освојувајќи 94 места во Бундестагот од вкупно 709. Бундестагот е парламент во Германија со седиште во зградата на Рајхстагот во Берлин.

АФД го гледа исламот како закана за германските вредности и повикува на строги ограничувања при издавање дозвола за вселување во Германија.

Се верува дека партијата добро ќе помине на изборите за Европскиот парламент во мај, што се очекува и за другите националистички партии во останатите земји од ЕУ.

Германската разузнавачка агенција ќе започне со повисок степен на контрола врз организацијата на младите на АФД и врз екстремистичкиот огранок на АФД наречен Флугел (Крило).

Лидерот на Флугел е Бјорн Хоке, контроверзен политичар кој предизвика остри критики кога споменикот на холокаустот во Берлин го нарече споменик на срамот.

Прикажи повеќе...

Европа

Ирска ги интензивира подготовките за брегзит без договор, падна вредноста на фунтата

Објавено пред

Ирската влада изрази загриженост откако Долниот дом на британскиот парламент синоќа го отфрли предлогот на премиерката, Тереза Меј за брегзит, оценувајќи дека брегзитот без договор би имал лош исход за сите, не само за Северна Ирска.

„За жал, резултатот од гласањето го зголеми ризикот за брегзит без договор. Затоа владата ќе продолжи да ги интензивира подготовките за ваков завршеток“, се наведува во соопштението на ирската влада.

По синоќешното гласање, вредноста на британската фунта падна во однос на американскиот долар и еврото, но набрзо се врати во нормала.

Како земја претседавач со Унијата, Романија вчера повика на единство помѓу земјите членки и најави дека Европската Унија ќе продолжи да се подготвува за најлошто сценарио за брегзитот.

Британија би требало да ја напушти Унијата на 29 март.

Прикажи повеќе...

Европа

Барниер: Ризикот oд не постигнување договор за брегзит никогаш не бил толку голем

Објавено пред

Преговарачот на ЕУ, Мајкл Барниер го предупреди Европскиот парламент дека ризикот од непостигнување договор за брегзит никогаш не бил толку голем, како и дека тој стравува, повеќе од било кога, за хаотичното заминување на Британија од блокот.

Барниер навести дека ЕУ е подготвена повторно да преговара за нов договор за излез на Британија, ако Лондон се откаже од некои од претходно постоечките “црвени линии” што беа затегнати во претходниот, сега поразен, план на Тереза Меј.

Британската премиерка синоќа доживеа голем пораз откако пратениците гласаа против нејзиниот план за брегзит. За денеска се очекува пратениците да гласаат за нејзина недоверба.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион31 минута

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Пљешевица, се сериозно повредени,...

Македонија36 минути

Путин: Постои надворешен притисок околу зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката...

Регион1 час

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентираше приоритетите на романското претседателство со Европската унија. „Првата фаза ќе...

Вести1 час

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чии дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија1 час

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и  измена на Законот за празниците,...

Свет2 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет2 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет3 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет4 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет14 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион14 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион15 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет16 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Истражувања19 часа

(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново...

Култура20 часа

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор...

Македонија21 час

(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини

Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените...

Македонија21 час

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен...

Вести22 часа

Каменос: Ќе сторам сè актуелната влада да не добие поддршка

Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од...

Македонија22 часа

Иванов: Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставно и незаконски

Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставен чекор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Оттаму велат...

Досие