Контакт

Свет

Индонезиец, кој помогнал во пишувањето на законот за неверство, камшикуван за прељуба

Објавено пред

Индонезиец, кој работел во организација што помогнала за да се напише строг закон против прељубата, заработи камшикување во јавност кога бил фатен во прељуба со мажена жена, јави Би-би-си.

Муклис бин Мухамед од теолошкиот совет на Ачех во четвртокот бил казнет со 28 удари со камшик, а жената со која бил во врска заработила 23 удари со камшик.

Муклис е од многу конзервативен регион на Ачех, единствениот дел од Индонезија каде што се практикува шеријатскиот закон.

Во таа провинција со камшик се казнуваат истополовите односи и коцкањето, а според шеријатскиот закон и производството, продажбата и пиењето алкохол.

„Тоа е Божји закон. Мора да се казни секој за кого ќе се докаже дека е виновен, дури и кога станува збор за член на теолошкиот совет“, рекол заменик-градоначалникот на округот Ачех.

Најавено е и дека Муклис ќе го загуби и местото во советот.

Муклис (46), кој исто така е и религиозен водач, е првата верска личност камшикувана во јавност уште од влегувањето во сила на шеријатскиот закон во 2005 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Ѓукановиќ: Срамота е како Русија се однесува кон Црна Гора

Објавено пред

Кабинетот на шефот на црногорската држава реагираше на изјавата на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, со изјава во која се вели дека е срамен начинот на кој Русија се однесува кон Црна Гора и нејзиниот претседател.

Захарова вчера изјави дека обвинувањата на Ѓукановиќ против официјална Москва и Руската православна црква се негов обид да се врати на власт.

Реагирајќи на обвинувањата на црногорскиот шеф на државата, таа оцени дека групата околу Ѓукановиќ упорно продолжува да игра на црковна карта и дека целта е да се воведе конфузија, да се поделат Црногорците на пријатели и непријатели и да се подигне нивото на напнатост во општеството со цел да се врати моќта под негово покровителство.

Кабинетот на Ѓукановиќ во неделата соопшти дека Русија и Руската православна црква ја дестабилизираат Црна Гора во обид да ги задоволат „империјалните амбиции“ на официјална Москва и „амбициите на Голема Србија“ од Белград.

„Повторно доаѓаат изјави од Москва, во кои се вкорени зборот „ срам “. Зборот што најдобро одговара на она што го прават претставниците на секуларните и духовните власти на Русија, продолжувајќи да се мешаат се поотворено во внатрешните работи на Црна Гора, со груби клевети на шефот на пријателска држава. Измислувајќи дека мнозинството граѓани на Црна Гора ја поддржуваат Српската православна црква “, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Тие не можат, велат од таму, всушност да сокријат колку се повредени од „таканаречената“ евроатлантска ориентација на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ предлага средба меѓу Вучиќ и Курти во Брисел

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, се во телефонски контакт со српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер, Албин Курти, со цел итно да се намалат тензиите во северот на Косово, како и за евентуален состанок на Вучиќ и Курти во Брисел, пренесуваат медиумите во регионот.

„Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, се врати од Белград во Брисел и сите наши напори се насочени кон намалување на тензиите и враќање на дијалогот“, изјавиле дипломатски извори во Брисел.

Според натписите, ЕУ нотира дека е подготвена да посредува во дијалогот меѓу двајцата лидери, што би се одржал во Брисел и чија главна тема ќе биде решавање на моменталната ситуација во Косово.

Кога станува збор за имплементација на Бриселскиот договор, кругови блиски до шефот на дипломатијата на ЕУ во изјава за регионални медиуми нагласуваат дека сите договори постигнати досега во дијалогот меѓу Белград и Приштина се „на маса“ и дека „никој не ги повлече“.

Се додава дека ЕУ и САД се целосно обединети во нивната порака дека е во интерес и на Белград и на Приштина да се смири ситуацијата на терен и дека во спротивно двете страни се во загуба.

По повод ситуацијата на Косово, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, денеска повика на воздржување, намалување на тензиите, враќање на дијалогот и обезбедување слобода на движење.

„Едностраните акции никогаш не биле решение. Тие само водат до непотребни тензии и мора да бидат повлечени“, изјави Вархеи од својот твитер-профил.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Ерупцијата на шпанскиот остров би можела дa трае со месеци

Објавено пред

Ерупцијата на вулканoт на островот Ла Палма на шпанските Канарски Острови и придружните појави може да траат до 84 дена, проценуваат експертите.

Вулканскиот институт на Канарските Острови објави дека проценката ја темели на должината на претходните ерупции на архипелагот, кои, како и најновите, беа придружени со силен проток на лава и продолжена сеизмичка активност.

Институтот објави дека синоќа е забележано значително зголемување на бројот на мали ерупции во кои камења и пепел биле фрлени високо во воздухот на островот Ла Палма.

Властите рекоа дека сè уште има опасности за локалното население, вклучувајќи земјотреси, лава, токсични гасови, вулкански пепел и кисели дождови.

Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма во Атлантскиот Океан еруптираше во неделата по седум дена зголемена сеизмичка активност.

Од ерупцијата во неделата, силните текови на лавата проголтаа околу 185 згради. Според податоците на Институтот за вулканологија, лавата сега зафаќа 154 акри.

Реки лава се движат низ планините кон погусто населеното крајбрежје. Околу 1.000 луѓе вчера беа евакуирани од крајбрежната област Тодоке, со што вкупниот број на евакуирани лица од островот се искачи на 6.000.

Средбата со лава чија температура надминува 1.000 степени Целзиусови со вода може да предизвика експлозии и да произведе облаци од токсичен гас.

Брзата евакуација помогна да се спречат жртвите од ерупцијата, иако беше направена голема штета на куќите, инфраструктурата и земјоделското земјиште, велат официјалните лица.

Итните служби на островот доцна синоќа се обидоа да оттргнат дел од лавата од куќите, а официјалните лица велат дека не знаат дали ќе успее.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид 19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен...

Македонија33 минути

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Македонија47 минути

Во Македонија пристигнуваат нови 110.612 дози на „Фајзер“

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку  механизмот „Ковакс“. До крајот на годината,...

Регион51 минута

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија1 час

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион2 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија4 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија4 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет5 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет5 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија18 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија19 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет19 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет20 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион20 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија22 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија22 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија1 ден

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија1 ден

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Досие