Контакт

Свет

За руската економија, потребни се неколку квартали за да закрепне од коронавирусот

Објавено пред

На руската економија ќе ѝ бидат потребни неколку квартали за да закрепне од пандемијата на коронавирусот, изјави шефицата на руската централна банка, Елвира Набјулина.

„Коронавирусот не само што го замрзна нормалниот живот некое време, туку сите ние разбираме дека последиците од епидемијата нема да исчезнат веднаш по укинувањето на ограничувањата. Вирусот, всушност, ги наруши сите планирани патеки на развој на економскиот и финансискиот систем“, изјави Набјулина во парламентот.

Таа додаде дека Централната банка на иднината гледа пооптимистички отколку порано.

„Регионите ги олеснуваат ограничувањата, индустриските компании, трговијата и на некои места услужниот сектор почнуваат да работат, но, според наша процена, пред нас остануваат уште неколку квартали за закрепнување“, рече таа.

Шефицата на Централната банка на Руската Федерација истакна дека во моментот финансискиот систем на Руската Федерација е во состојба да го поддржи економскиот раст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Париз ја отвора терасата на Ајфеловата кула

Објавено пред

Од овој викенд, посетителите на Ајфеловата кула повторно ќе можат да уживаат во пијалок на летната тераса на ова париско обележје.

Кулата беше затворена кон средината на март поради епидемијата на коронавирусот, а истата беше повторно отворена за посетителите на 25 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Терасата на Ајфеловата кула зафаќа површина од 57 метри и има бар, може да прими од 300 до 350 посетители, а секој четвротк и петок ќе биде организирана забава со диџеј.

Сите посетители мора да носат маски и да го почитуваат физичкото растојание.

Ајфеловата кула обично ја посетуваат околу седум милиони луѓе годишно, од кои 75% се странски туристи, но заради моменталната состојба, се очекува годинава повеќето посетители да бидат од Франција.

Прикажи повеќе...

Свет

Наришкин: Случајот на Сафронов не е поврзан со неговите професионални активности

Објавено пред

Приведувањето на Иван Сафронов, советник на шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, во никој случај не е поврзано со неговите професионални активности, изјави директорот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, пренесува ТАСС.

„Би сакал да истакнам неколку важни работи. Прво, многу ги ценам вештините на рускиот разузнавачки персонал. Второ, притворот на обвинетиот и обвиненијата поднесени против него во никој случај не се поврзани со неговите професионални активности. И трето, не препорачувам некој да се обиде да изврши притисок врз истрагата, а камоли на судот. Само судот може да одлучи дали обвинетиот е виновен или не “, истакна Наришкин.

Според Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија, Сафронов бил регрутиран од чешкото разузнавање во 2012 година. Тој собрал информации за соработката на Русија со африканските земји и активностите на руската војска на Блискиот Исток во 2017 година и ја доставил до чешката Канцеларија за надворешни односи и информации.

Сепак, информациите всушност биле наменети за американските разузнавачки агенции.

Сафронов беше известувач за дневниот весник „Комерсант“ во 2012-2017 година. Според истражителот на ФСБ, случајот не е поврзан со работата на Сафронов како новинар.

Прикажи повеќе...

Свет

Ненси Пелоси одби да го осуди соборувањето на статуата во Колумо во Балтимор

Објавено пред

Спикерот на американскот Претставнички дом, Ненси Пелоси, одби да ги осуди демонстрантите кои ја соборија статуата на Кристофер Колумбо во нејзиниот роден град Балтимор пред да ја фрлат во пристаништето во близина, пренесува „Њујорк пост“.

„Сметам дека заедницата одлучува какви статуи сака да гледа“, рече Пелоси на прашањето за коментар за инцидентот на 4 јули, кога толпа активисти ја срушија статуата на Колумбо, ја одвлекоа до работ на пристаништето и ја фрлија во вода.

Објаснувајќи го својот став, демократската конгресменка рече дека не е сентиментална личност, па дури и отиде дотаму што ги спореди спомениците со обетките на нејзината баба, што не ги сочувала.

„Јас не сум една од оние луѓе што ќе речат ‘Ох, нечија статуа на некое мсто е важна работа. Ако заедницата не сака статуа таму, статуата не треба да биде таму. Не ми е гајле многу за статуите“, рече таа на брифингот во Капитол Хил.

Кога еден известувач ѝ возврати на Пелоси, велејќи дека ќе биде подобро Градскиот совет да ја отстрани статуата наместо некоја толпа во текот на ноќта, конгресменката рече: „Луѓето ќе го сторат она што го прават“.

Ноншалантниот став на Пелоси кон соборувањето на статуите низ целата земја по смртта на Џорџ Флојд е во спротивност на ставот на претседателот Трамп, кој предупреди дека ќе воведе големи казнени казни за сторителите.

Пелоси, чиј татко беше градоначалник на Балтимор од 1947 до 1959 година, исто така зазеде поинаков став пред локалните лидери кои го осудија однесувањето на демонстрантите. Градоначалникот на Балтимор, Бернар Ц. Џек Јанг изјави дека нема да толерира уништување на статуата на италијанскиот истражувач од 15 век, кој ја колонизираше Америка.

„Ако ги идентификуваме сторителите, тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Ние поддржуваме мирен протест. Ова не е мирен протест. Неприфатливо е “, рече Јанг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија37 минути

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

Очајници прават очајнички потези, напиша заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев,...

Македонија2 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет3 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ3 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ3 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион4 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија4 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет5 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија6 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија7 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија7 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија17 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија18 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија20 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија21 час

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија22 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ22 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија23 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет1 ден

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Досие