Контакт

Свет

За само еден ден нови 17.296 заразени со коронавирус во Индија

Објавено пред

Со новиот најголем дневен пораст на бројот на новозаразени од коронавирус од 17.296, Индија се приближи на бројот од половина милион заразени од почетокот на пандемијата.

Поради тоа е одложено продолжувањето на нормалното функционирање на железничкиот сообраќај, кое беше најавено за од 30 јуни.

Министерството за здравство на земјата исто така регистрира уште 407 починати во изминатите 24 часа и сега вкупниот број на починати во оваа земја изнесува 15.301.

Сепак од министерството велат дека стапката на оздравени продолжила да се подобрува и сега е на 57,43 проценти, додека процентот на смртност на 100.000 заразени се одржал на 1,86 отсто, што е значително подобро од процентот во светот кој изнесува 6,24 проценти.

Свет

Русија ја заврши првата фаза на испитувањата на вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Два руски центри за медицински истражувања ја завршија првата фаза од тестирањето за вакцината против Ковид-19.

Две групи од 18 доброволци се отпуштени од болница откако одделно учествуваа на 28-дневни клинички испитувања на Првиот московски државен медицински универзитет и Главната воена клиничка болница „Бурденко“.

Пред да бидат отпуштени од болница, пациентите биле подложени на лекарски преглед и им бил извршен тест на крвта, со цел да се утврди развојот на имунолошкиот одговор на новиот коронавирус.Прелиминарните наоди покажуваат дека вакцините се безбедни и дека пациентите добро ги поднеле, немало поплаки, компликации или несакани ефекти за време на испитувањата.

Прикажи повеќе...

Регион

Премиерот на Репубика Српска е позитивен на коронавирус

Објавено пред

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, е позитивен на тестот на коронавирус, објави неговиот кабинет.

„Вишковиќ беше тестиран во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска. Понатамошната работа на кабинетот на премиерот и членовите на владата ќе биде организирана според препораките на Институтот за јавно здравје на Република Српска и епидемиолошките служби“, соопшти Владата.

Исто така, сите претходно планирани активности и состаноци на премиерот Вишковиќ ќе бидат откажани. Неговиот федерален колега Фадил Новалиќ оваа недела беше тестиран на коровавирус и резултатот беше позитивен, а тој денес беше хоспитализиран поради влошување на неговата состојба, односно појава на пневмонија.

Прикажи повеќе...

Регион

Најголем број од новозаразените во Европа се на Балканот

Објавено пред

Според табелата на Европската иницијатива за стабилност, во последните две недели во Косово има нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирус, пишува „Косово онлајн“.

Овие податоци се добиени од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.

Врз основа на податоците од последните две недели, Косово е прво во Европа во однос на просекот на нови случаи на инфекција со Ковид-19 на 100.000 жители, пренесува „Газета експрес“.

Според оваа пресметка, Косово има 124 новозаразени на 100.000 жители.

Црна Гора е на второто место со 123 нови случаи, а потоа следува Луксембург со 100 случаи.

Македонија го зазема четвртото место со 94 случаи, а потоа следува Шведска со 76.

Во целиот регион на Западен Балкан има по 73 нови случаи на коронавирус на 100.000 жители.

Како резултат на големиот пораст на бројот на заразени, Косово одлучи да воведе задолжително носење маска, а се разгледува и можноста за воведување вонредна состојба.

Воведено е ограничување на движењето од 21 часот до 5 часот наутро и посебен распоред за движење за лица над 65 години и хронично заболени. Исто така, заштитни мерки се воведени и во Србија поради зголемувањето на бројот на заразени во последните неколку недели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид – 19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно...

Македонија16 минути

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45, 77 отсто. На 3463 гласачки места до 19 часот гласале...

Македонија28 минути

МОСТ: Полицијата интервенирала во Кичевско каде гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на МОСТ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија2 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија3 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија4 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија4 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија5 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија6 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија7 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион7 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет8 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија9 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија11 час

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион11 час

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија12 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија13 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија13 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија21 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет23 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Досие