Контакт

Свет

За неколку часа откажани 150 лета поради штрајк на авиокомпанијата „Рајан ер“

Објавено пред

Авиокомпанијата „Рајан ер“ се соочува со нов штрајк што ја принуди компанијата да откаже повеќе од една третина од летовите од и до Германија. Поради штрајкот, само досега се откажани 150 летови од и до Германија.

Штрајкот ќе трае 24 часа, а почна во 3 часот наутро по покана од германскиот синдикат на пилоти и кабината на екипажот „Верди“.

Триесетина вработени се собраа во утринските часови на аеродромот Schoenefeld во Берлин со транспаренти: „’Рајан ер’ мора да се промени“ и „Без права, без летови“.

Германскиот штрајк се случува пред штрајкот на ниво на Европа, кој треба официјално да се објави в четврток од страна на италијанскиот, португалскиот, шпанскиот, холандскиот и на белгискиот синдикат.

Тие заедничка изјава најавија за петок. Во август компанијата се соочи со голем координиран штрајк на вработените во пет европски земји, беа откажани 400 лета во средината на сезоната на годишните одмори, а повеќе од 55.000 патници беа засегнати од штрајкот.

Европа

Европска авиокомпанија откажа 673 летови поради штрајк на пилотите

Објавено пред

Авиокомпанијата „Скандинавиан Ерлејнс“ откажа 673 летови поради штрајк на пилотите во Данска, Норвешка и Шведска. Откажувањето на летовите погоди 72.000 патници.

Преговорите помеѓу авиокомпанијата и синдикатот на пилотите беа прекинати утрово без договор.

Посредниците во преговорите кажаа дека постојат големи разлики помеѓу двете страни. Пилотите од трите земји бараат зголемување на платите, предвидлив распоред за работа и надокнада поради скратувањето на платата во 2012 година, кога компанијата имала големи потешкотии.

Од авиокомпанијата изјавија дека е тажно што штрајкот има негативно влијание врз корисниците.

Прикажи повеќе...

Свет

Епидемија на мали сипаници во САД, карантин во Лос Анџелес

Објавено пред

Американските власти оформија карантин на два Универзитети во Лос Анџелес, каде се сместени голем број на луѓе, откако ширум САД беше прогласена епидемија на мали сипаници, изјавија официјалните лица, пренесе „РСЕ“.

Во САД е забележан најголем број на случаи со мали сипаници од 2.000 година.

Според податоците на американскиот центар за контрола и превенција на болести во САД се потврдени 695 случаи на зараза. Голем број од случаите биле пријавени во Њујорк и Вашингтон.

Во Калифорнија се потврдени 38 случаи на мали сипаници.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Со Берлин немаме ист став за брегзит

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека француско-германското пријателство не значи дека двете земји не смеат да имаат различни ставови кога е, на пример, во прашање брегзитoт или односите со САД.

„Културата на компромиси е многу важна, и јас многу од тоа научив од канцеларката Ангела Меркел, но тоа не треба да го спречи изразувањето на францускиот став, ако тој постои“, изјави Макрон.

Како што пренесе „Ројтерс“, Макрон истакна дека конструктивната конфронтација понекогаш е неопходна за да дојде до компромис.

„По прашањето за брегзитот не сме баш на иста линија“, рече Макрон.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

(Видео) Сиљановска до оние кои бојкотираат: Ќе делувам по свое, неизлегувањето не е решение

„По свое ќе делувам, нема да бидам ни 101 ни 102 проценти на тој што ме поддржал, туку ќе бидам...

Топ48 минути

Кон убиениот во Рашче било пукано од возило – МВР со детали за убиството

Кон шеесет и деветгодишниот Ш.Џ кој беше убиен вчера во селото Рашче, било пукано од возило, соопшти МВР. Кога Ш.Џ...

Топ1 час

Мотоциклист од Холандија почина по судар со возило кај Битола

Холандски мотоциклист на возраст од 58-години почина вчера во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ниже поле. Мотоциклистот се судрил со автомобил, со...

Македонија2 часа

Утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за...

Свет3 часа

Ким ја напушти Русија четири часа порано

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг, јави руската новинска агенција „ТАСС“. Ким ја...

Македонија4 часа

На граничниот премин Богородица се чека и до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Избори 20194 часа

Заев и Пендаровски: Доаѓа блескаво време, Сиљановска само бара амнестија за Груевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски повикаа граѓаните на масовна излезност и поддршка на опцијата Заедно...

Избори 201915 часа

(Видео) Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци...

Топ16 часа

Извршен увид во скопско Рашче, каде што беше убиено едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко...

Избори 201916 часа

Сиљановска во Карпош: Силата на аргументите мора да победи, вистината е на наша страна

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова денеска на трибина во Општина Карпош им се заблагодари на граѓаните што ја подржаа во...

Македонија22 часа

95 новозаразени со сипаници, бројката се намалува, но епидемијата не стивнува

Во последните шест дена, од 20 до 25 април, пријавени се 95 нови случаи на заразени со сипаници. Во споредба...

Избори 201923 часа

Гласањето поништено, но прегласување нема – ДИК прифати 7 од 14 приговори

Од 14 приговори, Државната изборна комисија (ДИК) прифати 7 приговори поднесени од штабот на Гордана Силјановска-Давкова, кои се однесуваа на...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара...

Македонија1 ден

Кирацовски најави повлекување на роднините од државните институции

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании. Ова...

Избори 20191 ден

(Видео) 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите...

Македонија1 ден

Кабинетот на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Прекршочните пријави на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против претседателот Ѓорге Иванов се политичка одлука, реагира Кабинетот на претседателот....

Избори 20191 ден

(Видео) Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од...

Македонија1 ден

Судијата Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „за“ го избраа врховниот судија Киро Здравев за нов претседател на телото...

Избори 20191 ден

Кекеновски: Мицкоски повикува на одѕив како Груевски во 2004 година кога одработи за Црвенковски

Историјата и постапките на лидерите на политичките партии кога се во прашање претседателските избори се повторуваат, констатира професорот и лидер...

Македонија1 ден

Земјотрес во Дојран и Гевгелија

Земјотрес со јачина од 2,8 степена според Рихтеровата скала бил почувствуван ноќеска во Дојран и Гевгелија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа утринава...

Досие