Контакт

Свет

За смртта на девојчето во Канада обвинет сириски бегалец

Објавено пред

Ибрахим Али, 28-годишен бегалец од Сирија, кој добил азил во Канада, беше фатен и обвинет за убиство на 13-годишното девојче Мариса Шен.

Шен исчезна на 18 јули минатата година, а нејзиното тело беше пронајдено следното утро во централниот парк „Барнаби“, источно од Ванкувер, во провинцијата Британска Колумбија.

Gepostet von Marrisa Shen am Donnerstag, 28. Juli 2016

Али беше фатен во истиот град на 7 септември оваа година, повеќе од една година по убиството. Тој дошол во Канада како барател на азил пред 17 месеци, што значи дека го извршил убиството само неколку месеци откако Канада му обезбедила засолниште од војната. Осомничениот убиец нема криминално досие, а полицијата го осомничила само пред две недели.

Ова е инаку најголема истрага за 15 години од постоењето на наведениот полициски сектор. Беа спроведени повеќе од 600 испитувања и беа прегледани над илјада часови снимки на камерите за надзор.

Надзорничката на тимот за истраги за убиства во Ванкувер, Дона Ричардсон, изјави дека се надева дека ова нема да предизвика негативна реакција кон бегалците.

Свет

Противниците на брегзит ја тролаат Меј со огромни билборди во Брисел

Објавено пред

Непосредно пред значајниот состанок на ЕУ во Брисел, џиновски билборд во центарот на градот ја изложи антибрегзитската изјава што Меј ја даде во 2016 година, направена да изгледа како еден од нејзините твитови, пренесува РТ.

Случајните минувачи вчудовидени го читаа масивниот дигитален билборд над плоштадот Де Брукер“ во центарот на Брисел. Иако избраниот твит е лажен, тој бил создаден со користење на зборови на Тереза ​​Меј од говорот што го одржа во 2016 година додека беше секретар за внатрешни работи.

Твитот гласи: Верувам дека е јасно оти е наш национален интерес да останеме членка на Европската Унија”, и изгледа како да бил објавен на личниот профил на Меј на твитер. Билбордот ротира низ неколку екрани, а твитот се појавува цели 10 секунди од секоја минута.

Активистичката група одговорна за инсталацијата, „Лед бај донкис” (Предводени од магариња), дејствуваше со беспрекорен тајмнин и поставеност: билбордот се појави само неколку часа пред состанокот на Меј во зградата „Берлејмон“ на Европската комисија, која е само неколку километри подалеку. Иако не е јасно дали Меј го видела исмевачкиот билборд, поради неговата големина и локација е невозможно да го промашите.

Реакциите на кампањата низ социјалните мрежи беа ентузијастички, а многумина ја пофалија групата за изведување на штосот додека Меј е во градот.

Иако „Лед бај донкис“ веќе е озлогласена за поставување неколку слични билборди во последниве месеци, вчерашниот билборд со антибрегзитскиот твит е најистакнат досега.

Прикажи повеќе...

Свет

„Гугл“ призна дека „заборавил“ да им каже на корисниците за својот скриен шпионски микрофон

Објавено пред

Технолошки гигант „Гугл“ се извини затоа што „заборавил“ да им каже на корисниците дека инсталирал скриен микрофон во својот домашен безбедносен систем „Нест секјур“, пренесува РТ/

Системот „Нест секјур“ на „Гугл“ им овозможува на корисниците да поврзат десетици детектори за движење, магнетни аларми за врата и безбедносни камери во една централизирана контролна единица. Единицата го следи домот на корисникот, испраќајќи предупредувања ако нешто не е во ред. Во нејзините првични технички спецификации не се споменува ништо за можните шпионски уреди скриени во него.

Гугл“ предизвика вознемиреност кога претходно овој месец објави дека сопствениците може да го користат нивниот„Нест секјур“ за да му постават прашања на „Гугл асистент“ од типот „како да го активирам мојот аларм”, дали денес треба да носам чадор?” или дали го шпионирате секое мое движење? “

Дури и по објавувањето на интеграцијата на „Гугл асистент“, компанијата не го спомна скриениот микрофон. Но по негодувањето од сомничавите корисници и застапници за заштита на приватноста, „Гугл“ призна дека во „Нест секјур“ има вграден микрофон, нагласувајќи дека тоа не е некоја голема работа.

Никогаш не беше во план микрофонот во уредот нда биде тајна и требаше да биде наведен во техничките спецификации. Тоа е наша грешка. Микрофонот никогаш не беше вклучен и се активира само кога корисниците конкретно ја активираат таа опцијата.

Техничкиот гигант оттогаш ги измени техничките спецификации на уредот за да го вклучи микрофонот. Сепак, корисниците на уредот и оние кои се плашат да го поканат „Големиот брат“ во своите спални соби „паднаа“ на објаснувањето на „Гугл“.

Дури и ако се занемари фактот дека не им било кажано на корисниците за микрофонот, кој ќе му верува на „Гугл“ за да му дозволи пристап до своите домови?

Впрочем, ова е истиот „Гугл“ чија програма „Стрит вју“ сосем “случајно” складираше податоци од вај-фај мрежите покрај кои возеле автомобилите помеѓу 2007 и 2010 година. Истиот „Гугл“ чија сестринска компанија инсталираше илјадници бесплатни вај-фај киосци низ Њујорк, кои потенцијално ги следеа движења;та на корисниците и истиот „Гугл“ кој без согласност користи технологија за препознавање на лицата на корисниците.

Можеби најстрашното е интерното видео што „Гугл“ го објави лани, опишувајќи ја иднината во која „Гугл“ собира податоци за корисниците и ги користи за да им помогне да се однесуваат на начин кој ги одразува вредностите на Гугл”.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Нема потреба од нова ‘кубанска ракетна криза’ поради спорот помеѓу САД и Русија

Објавено пред

Ако САД решат да распоредат проектили од среден дострел во Европа, тоа ќе ја ескалира тензијата на ниво слично на она на кубанската ракетна криза од 1962 година без никаква причина, тврди рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РТ.

Таквото распоредување би било овозможено само ако САД се повлечат од Договорот за неширење нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ) во следните шест месеци.

Путин тврди дека ако двете страни распоредат проектили во Европа, тоа ќе доведе до ескалација на тензиите невидена од 1962 година, кога САД се заканија дека ќе ги нападнат советските бродови наместо да им дозволат да испорачаат нуклеарни проектили во Куба.

Постои ли сега некоја остра идеолошка конфронтација слична на онаа од Студената војна? Не постои. Ние имаме меѓусебни поплаки, конфликтни пристапи кон некои прашања, но тоа не е причина да ги ескалираме работите на ниво на Карипската криза од почетокот на 1960-тите “, рече Путин, користејќи го рускиот термин за опишување на ќор-сокакот меѓу Кенеди и Хрушчов.

Прашан дали Русија би размислила за превентивен напад против ракетите кои би ѝ претставувале закана, Путин рече дека нема потреба од такво нешто и дека сегашната нуклеарна доктрина на Русија исклучува превентивен напад.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток9 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток11 час

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток13 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија14 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија15 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија16 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија17 часа

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија18 часа

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ18 часа

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија19 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ19 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија20 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија21 час

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија22 часа

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион22 часа

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија22 часа

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Македонија23 часа

Синот на пратеникот Мисовски: Поднесов оставка поради хистеријата, се надевам јавноста ќе здивне

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија...

Свет23 часа

Ердоган: Турција не ќе може сама да се справи со нов бегалски бран од Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја нема да може сама да се справи со уште еден бран...

Свет24 часа

Најмалку четворица повредени откако лавина зафати швајцарски скијачки центар

Четири лица беа повредени, од кои еден е во критична состојба, откако лавина ја погоди скијачката патека „Плен мор“ во...

Досие