Свет
Зеленски го навреди Орбан: Не може секој лидер да преговара за Украина, мора да има одредена сила и авторитет
Не може секој лидер да преговара за Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува „РИА новости“.
Тој ја коментираше средбата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со повеќе светски лидери, на кои стана збор за украинскиот конфликт.
„Имајќи ги предвид сите земји – големи и мали, мора да разбереме дека не може секој лидер да преговара. За да го направите тоа, мора да имате одредена сила и авторитет“, рече тој.
Орбан, чијашто земја претседава со Европската Унија, на почетокот на јули ги посети Украина, Русија и Кина. Посетата на Москва и преговорите со претседателот Владимир Путин потоа предизвикаа остри критики на Запад.
Орбан подоцна се состана со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на Флорида, а по самитот на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Потребен ни е уште еден продуктивен мировен самит
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го претстави новоименуваниот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха и изјави дека еден од приоритетите на работата на неговото министерство треба да биде одржувањето на продуктивен втор мировен самит оваа година.
„Потребен ни е продуктивен втор мировен самит оваа година. Тоа значи максимално вклучување на светот во имплементацијата на Формулата за мир и максимално зајакнување на нашите позиции за процесот на враќање на мирот да биде навистина фер“, рече Зеленски.
Според него, мирот за Украина и праведен крај на оваа војна не е само историска мисија, туку секојдневна и многу макотрпна работа.
„Убеден сум дека Украина е способна да заврши таква работа – да победи во оваа војна и да обезбеди мир“, рече тој.
Зеленски како еден од неговите приоритети го спомена и зголемениот фокус на соседните земји.
„Разбираме колку е тежок политичкиот процес, на пример, сега во Полска. Згора на тоа, таму наскоро ќе започне нов изборен процес. Ја разбираме ситуацијата во Унгарија, ја разбираме ситуацијата во Словачка, Молдавија, Романија. Сето тоа бара истрајност и заштита на украинските интереси, како и нашите заеднички интереси со нашите соседи“, нагласи украинскиот претседател.
Тој исто така истакна дека Украина треба да биде активна во сите региони во светот.
„За ова веќе е направено многу, но потребно е многу повеќе. Посебно се фокусираме на зајакнување на работата во Латинска Америка, Африка и азиските земји“, рече Зеленски.
Додаде дека итните потреби на фронтот и обезбедувањето одржливост на целата држава се од големо значење.
„Најавените одбранбени пакети мора да бидат доставени што е можно поскоро. Обезбедување на фронтот, заедничко одбранбено производство, … зајакнување на санкциите против Русија и користење на руските средства за доброто на украинската одбрана, поддршка за нашите заедници во странство“, нагласи Зеленски.
Тој подвлече дека стандард за украинските дипломатски работници во странство треба да биде длабокото разбирање на земјата домаќин.
Регион
(Видео) Пукање на границата помеѓу Грција и Турција: маж застрелан во ногата
На грчко-турската граница дошло до пукање во кое е застрелан еден маж.
Турската полиција застрела грчки државјанин. Според локалните медиуми, Гркот со голема брзина влетал на граничниот премин Ипсала.
На видеото се гледа дека тој најпрво намерно налетал на мотоциклист кој бил паркиран покрај патот со својот автомобил и продолжил без да застане.
Yunan sürücü dehşet saçtı
Edirne Valiliği, İpsala Gümrük Kapısı gümrük sahası içerisinde aracıya motosiklete çarpıp kaçan ve daha sonra polis ekiplerinin üstüne kesici aletle yürüyen Yunanistan vatandaşı hakkında açıklama yaptı. pic.twitter.com/Bre8w6kXRb— GÜNDEM GAZETESİᅠ (@GundemEdirne) September 10, 2024
Возачот потоа наводно се упатил кон турските полицајци, кои потоа отвориле оган. „Прототема“ наведува дека бил застрелан во ногата и пренесен во болница.
Очигледно се работи за маж кој има проблеми од психолошка природа. За инцидентот бил информиран грчкиот конзул во Адрианопол.
Регион
Покренато обвинение за 14-годишно девојче од Црна Гора кое планирало терористички напад во Австрија, во домот најдено оружје и материјали на ИСИС
Во Грац е покренато обвинение против 14-годишно девојче кое беше уапсено во мај за планирање терористички напад со нож.
Станува збор за дете по потекло од Црна Гора. Во Германија е уапсено уште едно лице кое го планирало овој терористички напад со неа.
Кај 14-годишното девојче е пронајден пропаганден материјал на Исламската држава, нож и секира, а полицијата ја пронашла преку активности и разговори на социјалните мрежи, јавуваат австриските медиуми.Флеш препорачува
Нападот бил планиран во центарот на Грац, а таа имала намера по случаен избор да ги избере жртвите, „неверниците“. Таа испратила слики од нејзините планови за напад преку Телеграм до истомисленици. Откако нападнала што повеќе луѓе, таа планирала самоубиство. Полицијата не знаела кога точно требало да се случи нападот.
„Кронен Цајтунг“ пишува дека станува збор за девојче од Црна Гора кое живее во Грац, но се’ уште нема австриско државјанство, пишува „Јутарњи лист“. Во куќата во која живеела запленети се оружје, облека и компјутер со податоци, а истражителите таму пронашле и пропагандни материјали на ИСИС, со бројни видеа од тепачки и егзекуции.
И покрај бројните докази, девојчето не признало дека го планирало нападот, а се чини дека нејзините родители не знаеле ништо за тоа.