Свет
Зеленски: Приоритетите на Украина во преговорите се апсолутно јасни

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави ново обраќање на својата фејсбук-страница.
Тој рече дека неговите приоритети и приоритетите на Украина во преговорите се апсолутно јасни – крај на војната.
„Моите приоритети во преговорите се апсолутно јасни. Крај на војната, гаранции за безбедност, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции за нашата држава, вистинска заштита на нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кулеба: Русија се обидува да го уцени светот

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба ја обвини Русија дека се обидува да го уценува светот.
Тој истакна дека Русија е подготвена да ги деблокира пристаништата на Црното Море, доколку ѝ бидат укинати санкциите.
Кулеба на Твитер изјави дека секој што размислува да ја прифати „оваа игра“ прво треба да ги посети „гробовите на убиените украински деца и да разговара со нивните родители“, пренесува британски „Гардијан“.
Претходно денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина, во замена за укинување на санкциите, пренесе „Интерфакс“.
Украинските пристаништа на Црното Море се блокирани откако Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари, а повеќе од 20 милиони тони жито се заглавени во силоси во Украина.
Свет
Се укинуваат мерките за влез во Германија во текот на летото

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска изјави дека владата планира да ги укине епидемиолошките правила во текот на летото, според кои на патниците за влез во Германија им треба потврда за вакцинација против Ковид-19, негативен резултат од тестот или доказ за прележан ковид.
Лаутербах изјави за медиумската група „Функе“ дека правилата што важат за сите луѓе постари од 12 години, без разлика од каде доаѓаат во Германија, ќе бидат суспендирани од 1 јуни до крајот на август, пренесува АП.
Од почетокот на март Германија повеќе нема список на „зони со висок ризик“.
Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија постојано се намалува, а повеќето рестриктивни мерки се укинати. Сепак, владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 830 милиони евра за набавка на вакцини кои ќе помогнат да се сузбијат можните варијанти на коронавирусот наесен.
Свет
Десетгодишната Амери била убиена додека повикувала помош за време на пукањето во Тексас

Десетгодишната Амери Јо Гарза била брутално убиена додека се обидувала да повика брза помош, за време на масакрот во основното училиште во Тексас, пренесуваат американските медиуми.
Девојчето добило пофалница за одличните оценки, а само неколку часа подоцна била убиена, пренесуваат медиумите.
Амери го прослави својот 10-ти роденден пред само две недели и беше застрелана додека се обидуваше да повика брза помош, рекла нејзината баба Берлинда Ајрене Ареола, додавајќи дека девојчето било исклучително отворено и омилено меѓу наставниците.
10-year-old Amerie Jo Garza holds up a school certificate naming her to the honor roll at Robb Elementary School in Uvalde, Texas at 10 a.m. Tuesday. Hours later she would be killed at school. pic.twitter.com/qMO3JSKIFu
— Michael Pegram (@MichaelPNews) May 25, 2022
„ Ве молам, не земајте ниту една секунда здраво за готово. Прегрнете го вашето семејство. Кажете им дека ги сакате“, напишал нејзиниот очув на Фејсбук.
Во основното училиште Роб во Увалде, Тексас вчера беа убиени 19 деца и двајца возрасни.