Свет
Зеленски: Присилете ја Русија на вистински мировни преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е од витално важно учеството на Русија во, како што наведе, вистинските мировни преговори и истакна дека оваа земја има „дестабилизирачко влијание“ за голем број прашања, вклучително и климатските промени.
Во понеделникот во видеообраќање Зеленски го осуди „дестабилизирачкото влијание на Русија“ во време кога светот се соочува со војна, енергетска и прехранбена криза и, како што го нарече, уништување на меѓународните односи какви што ги знаеме, пренесува „Ројтерс“.
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак во понеделникот изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин, пренесе Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Пукање во кафана во Нови Сад, застрелан е млад човек

Пукање се случило во кафана во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.
Според информациите, настанот бил 2 часа по полноќ, а на пукањето му претходела расправија.
„Нешто после 02:00 часот дошло до пукање во кафана на патот Футошка во Нови Сад. Според неофицијални информации, на пукањето и претходела расправија и тепачка. Напаѓачите по извесно време се вратиле и застрелале млад човек , засега непознато, со истрели од пиштол. Полицијата врши увид на лице место.Засега не е позната состојбата на застреланиот“, објави Инстаграм страната 192_rs.
Свет
Израел и САД ги отфрлија повиците за прекин на огнот во Газа: „Тоа ја зајакнува контролата на Хамас“

Израел и САД денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ги отфрлија повиците за итен прекин на огнот во Газа, јави Би-Би-Си. Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, категорично ги отфрли повиците за прекин на огнот. Тој пред Советот за безбедност на ОН рече дека „прекинот на огнот само ја зајакнува контролата на Хамас врз Газа“ и испраќа порака дека „на Хамас му е простено за неговите намерни злосторства“.
Тој исто така рече дека „угнетувањето на населението во Газа од страна на Хамас“ добило „зелено светло на меѓународната заедница“. Ердан додаде дека „без воен притисок врз Хамас, ниту една дипломатија не може да гарантира ослободување на заложниците“. Американскиот претставник Роберт Вуд на седницата рече дека САД не поддржуваат итен прекин на огнот.
„Иако САД силно поддржуваат траен мир, во кој и Израелците и Палестинците можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот. Тоа само ќе го посее семето на следната војна бидејќи Хамас не сака траен мир“, рече Вуд пред Советот за безбедност на ОН.
САД се една од постојаните членки што имаат право на вето на резолуцијата. Советот за безбедност на ОН подоцна денеска ќе гласа за резолуцијата претставена од Обединетите Арапски Емирати, која повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот во Газа“. САД досега постојано се противеа на меѓународните повици за прекин на огнот и се очекува да гласаат против резолуцијата.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен го повика Израел да стори повеќе за заштита на цивилите. Тој рече дека постои „јаз“ меѓу ветувањата и нивното спроведување на терен. Шефот на ОН Антонио Гутереш на седницата рече дека насилството на Хамас „во никој случај“ не го оправдува „колективното казнување“ на Палестинците, барајќи од Советот за безбедност да одлучи за итен прекин на огнот.
„Безрезервно ги осудувам нападите на Хамас на 7 октомври, но насилството на Хамас под никакви околности не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“, рече тој.
„Светот и историјата не набљудуваат. Време е да се дејствува“, додаде тој пред членовите на Советот за безбедност, барајќи од нив да се залагаат за итен хуманитарен прекин на огнот.
Во многу краткиот текст се повикува и на заштита на цивилите, итно и безусловно ослободување на заложниците и обезбедување хуманитарен пристап.
Регион
Млади момчиња од Косово настрадаа во Италија, со автомобил излетаа во река

Три лица загинаа кога БМВ-то што го возеле удрило во заштитна ограда во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција, и паднало во река, јави агенцијата АНСА.
Жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.
Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.
Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.
Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.