Свет
Зеленски: Русите претрпеа непоправливи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека руските сили претрпеле непоправливи загуби во инвазијата врз Украина.
„Дали се сеќавате како Русија се фалеше дека ќе го освои Киев за 48 часа? Во 48 часа, кои станаа 48 дена, руската армија претрпе неповратни загуби, поголеми од загубите на СССР во Авганистан“, рече Зеленски.
Аналитичарите велат дека Москва ја потценила силата на украинскиот отпор, но исто така и способностите на украинската армија, бројно значително послаба од рускaта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што ги постави претседателот на Украина Володимир Зеленски за примирје не се остварливи.
„ Условите што Зеленски ги поставува за примирјето се категорични до идиотизам и во принцип неостварливи“, истакна во Телеграм заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, пренесе ТАС С.
Тој рече дека претседателот на Украина бара повторно да се украдат Донбас и Крим, како да не е свесен за волјата на нивните жители. Медведев рече и дека сојузот меѓу Германија и Полска, кој ја ескалира ситуацијата околу Украина, ќе има корист доколку таа земја исчезне од картата.
Тој укажа на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да го прифати мировниот договор што го наметна Русија, а тоа е истиот став што го има и Украина.
„ Зошто на Шолц му треба Украина? Не мора да одите далеку во барањето одговори. Полско-пруската алијанса, која ја ескалира ситуацијата со сите сили и го турка пореметениот Зеленски на сè покатастрофални изјави и акции, би имал голема корист ако државата Украина исчезне од картата“, вели Медведев.
Европа
Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

Шест војници и еден ветеран во Велика Британија се уапсени под сомнение за дрога, позајмување пари и перење пари.
Министерството соопшти дека шест војници на ирската гарда и еден ветеран биле уапсени од припадници на кралската воена полиција како дел од „планирана операција“, пренесе Би-Би-Си.
Првиот баталјон на ирската гарда треба да учествува на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета на 2 јуни.
Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден војник кој е под истрага нема да може да учествува на церемонијата.
Ирската гарда е основана од кралицата Викторија во 1900 година, а гардата била распоредена во Ирак и Авганистан. Полкот, чиј дел е принцот Вилијам, има задача, меѓу другото, да ги чува кралските палати, каде што може да се забележат нивните војници облечени во препознатлива црвена униформа и капа од кожа од мечка.
„ Во рамките на планираната операција, кралската полиција уапси шест војници од ирската гарда и еден ветеран од Велика Британија под сомнение дека набавувале дрога, позајмувале пари и переле пари. Армијата не толерира никакво незаконско однесување. Сега ова е во рацете на независна истрага. Не е соодветно за Кралската воена полиција дополнително да коментира“, соопшти британското Министерство за одбрана.
Свет
САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина.
Амдминистрацијата има намера да го направи тоа со испраќање напредни ракетни системи со долг дострел, кои сега се главно барање на украинските власти, изјавија неколку неименувани официјални лица. Се размислува да се испрати системот како дел од поголем пакет воена и безбедносна помош за Украина, кој би можел да биде откриен следната недела, објави Си-Ен-Ен.
Високи украински функционери, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, побараа од САД и нивните сојузници во последниве недели да им обезбедат повеќекратен ракетен систем (MLRS).
Вооружените системи произведени во САД можат да истрелаат проектили стотици километри подалеку, многу подалеку од кој било систем што веќе го има Украина, што Украинците велат дека може да ја промени играта во нивната војна против Русија.
Друг систем што го бараа Украинците беше артилериската ракета со голема подвижност, позната како HIMARS, полесен систем на тркала способен да испука многу исти видови муниција како MLRS.
Во последниве недели, руската армија ја погоди Украина на исток, каде Украина беше совладана во број и во оружје, соопштија украинските власти.
Администрацијата на Бајден со недели размислуваше дали да испрати ракетни системи, поради загриженоста што ја покрена Советот за национална безбедност дека Украина би можела да ги користи системите за да изврши офанзивни напади во Русија, изјавија официјални лица.