Европа
Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека се уште има надеж за мир.
„Русија одби примирје за време на Велигден“, рече Зеленски.
Претседателот на Украина изјави дека руското политичко раководство направило катастрофална грешка со тоа што ја нападнало неговата земја и го вовлече рускиот народ во нешто што е одговорност на владата.
„Од сега па натаму, многу земји повеќе нема да се занимаваат со прашањето дали некој е добар или лош Русин. Сите Руси ќе бидат третирани лошо. Русија го постигна тоа. На крајот на краиштата, не зависи од мене, туку тоа треба да го исплаши рускиот народ“, истакна украинскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Салвини со осуда кон Австрија за блокирање на патот на италијанските превозници преку австриска територија

Италијанската влада ќе ја тужи Австрија пред судот на ЕУ за блокирање на преминот Бренер на границата на двете земји, изјави италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини.
Тој рече дека чинот на Австрија претставува „чин на насилство и политичка ароганција“, објави „Еурактив“.
Салвини ја осуди Австрија за блокирање на патувањето на италијанските превозници преку австриска територија и што неодамна најави гранични контроли на границата со Италија за да се спречи преминувањето на илегални мигранти, кои во последните недели во сè поголем број пристигнуваат на италијанските брегови.
По четири години недејствување на Европската комисија (ЕК), Италија одлучи официјално да ја активира процедурата со која на една земја членка на ЕУ ѝ се дава право да поведе тужба пред Европскиот суд на правдата против земјите членки за кршење на правото на Унијата, рече Салвини, истакнувајќи дека ЕК требало да ја поведе оваа постапка.
Салвини истакна дека Италија во овој момент верува во правдата на Европскиот суд.
Тој потсети дека Австрија воведе рестрикции наводно од еколошки причини, но тврди дека заштитата на животната средина воопшто не е во прашање, туку нелојалната австриска конкуренција кон италијанските и германските претприемачи и превозници и кон целиот европски континент.
Преминот Бренер, според написите, е еден од главните крстосници меѓу јужна и северна Европа, а австриското блокирање на границата беше критикувано и од соседна Германија, која исто така беше казнета за ограничувањата воведени во транспортот.
Европа
Италија ја тужи Австрија за блокада на преминот Бренер: „Тоа е чин на насилство и ароганција“

Италијанската влада ќе ја тужи Австрија пред судот на ЕУ за блокирање на преминот Бренер на границата меѓу двете земји, изјави италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини.
Тој рече дека чинот на Австрија претставува „чин на насилство и политичка ароганција“, објави „Еурактив“.
Салвини ја осуди Австрија за блокирање на патувањето на италијанските превозници преку австриска територија и што неодамна најави гранични контроли на границата со Италија за да се спречи преминувањето на илегални мигранти, кои во последните недели во сè поголем број пристигнуваат на италијанските брегови.
По четири години недејствување на Европската комисија (ЕК), Италија одлучи официјално да ја активира процедурата со која на една земја членка на ЕУ ѝ се дава право да поведе тужба пред Европскиот суд на правдата против земјите членки за кршење на правото на Унијата, рече Салвини истакнувајќи дека ЕК требало да ја поведе оваа постапка.
Салвини истакна дека Италија во овој момент верува во правдата на Европскиот суд.
Тој потсети дека Австрија воведе рестрикции наводно од еколошки причини, но тврди дека воопшто не станува збор за заштита на животната средина, туку за нелојална австриска конкуренција кон италијанските и германските претприемачи и превозници и кон целиот европски континент.
Преминот Бренер е еден од главните центри меѓу јужна и северна Европа, а блокирањето на границата од страна на Австрија беше критикувано од соседна Германија, која исто така беше казнета за ограничувањата воведени во транспортот.
Европа
Украина: Нашиот голем напад успеа, Русите претрпеа голема штета

Украинската безбедносна служба и морнарицата извршија напад во текот на ноќта врз воздухопловната база Саки на Крим нанесувајќи им сериозна штета на руските војници, изјави за „Ројтерс“ извор од украинската разузнавачка служба.
Британската агенција наведе дека не може самостојно да ја потврди оваа информација.
Во исто време руската војска објави дека уништила 19 украински беспилотни летала над Крим и Црното Море, но не соопшти детали за евентуални жртви или штети.
Во текот на ноќта руските сили за противвоздушна одбрана соборија два беспилотни летала, кои беа насочени кон постројки за гориво и енергетски постројки во централниот руски регион Ориол, објави на „Телеграм“ гувернерот Андреј Кличко, пренесува ТАСС.